bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
2 Chronicles 24
2 Chronicles 24
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 25 →
1
Јоас беше на седум години, кога стана цар и царуваше во Ерусалим четириесет години; мајка му се викаше Цивија, од Вирсавија.
2
Јоас правеше она што беше угодно пред очите на Господ преку сите денови на свештеникот Јодај.
3
Јодај му зеде две жени, и тој имаше од нив синови и ќерки.
4
Потоа Јоас намисли да го обнови домот Господов,
5
И ги собра свештениците и левитите и им рече: „Одете по градовите на Јудеја и секоја година собирајте од сите Израелци сребро за одржување на домот на нашиот Бог, и побрзајте во таа работа.“ Но левитите не побрзаа.
6
И царот го повика Јодај, нивниот началник, и му рече: „Зошто не бараш од левитите да го донесуваат од Јудеја и Ерусалим данокот, установен за скинијата на собранието од Мојсеј, слуга Господов, и од израелското собрание?“
7
Бидејќи нечестивата Готолија и синовите нејзини го беа разурнале домот Божји, и сѐ што беше посветено на домот Господов, го беа употребиле за Вааловци.
8
Царот заповеда, та направија ковчег и го поставија кај влезот на домот Господов, однадвор,
9
па разгласија по Јудеја и Ерусалим да Му Го принесуваат на Господ данокот, наложен од Мојсеј, слугата Божји, на Израелците во пустината.
10
Се зарадуваа сите началници и сиот народ, па принесуваа и пуштаа во ковчежето, додека не се наполни.
11
И кога левитите, пак, го донесуваа ковчежето кај царските чиновици, и тие гледаа дека има многу сребро, доаѓаше царскиот писар и повереникот на првосвештеникот, го празнеа и пак го однесуваа и го ставаа на истото место негово. Така правеа секој ден, и собраа многу сребро.
12
Царот и Јодај го предаваа на надгледниците по домот Господов, и тие најмуваа каменоресци и дрводелци за обновување на домот Господов, исто така и ковачи и казанџии, за да го поправат домот Господов.
13
Распоредниците работеа, и со нивните раце се изврши поправката, и го дотераа домот Божји во поранешна состојба и го поправија.
14
И кога завршија сѐ, му го однесоа на царот и на Јодај останатото сребро. И направија од него садови за домот Господов, садови за служба и за сепаленици, чаши и други садови, златни и сребрени. И принесуваа сепаленици во домот Господов постојано преку сите денови на Јодај.
15
Јодај откако остаре и, откако се насити од животот, умре; тој беше на сто и триесет години кога умре.
16
Го погребаа во Давидовиот град кај царевите, бидејќи тој правеше добро во Израел — и за Бога и за домот Негов.
17
Но по смртта на Јодај дојдоа јудејските началници и му се поклонија на царот; оттогаш царот почна да ги слуша.
18
И го оставија домот Господов, Бог на своите предци, и почнаа да им служат на посветените дрвја и на идолите; заради тој нивен престап се подигна гневот Господов и врз Јуда и Ерусалим.
19
Тој им испрати пророци за да ги повратат кон Господ и им сведочеа, но тие не ги послушаа.
20
И Духот Божји го исполни Захарија, синот на свештеникот Јодај, и тој застана на возвишението пред народот и им рече: „Вака вели Господ: зошто ги прекршувате Господовите заповеди? Успех нема да имате: како што вие Го оставивте Господа, така и Тој ќе ве остави.“
21
Тогаш се побунија против него и го убија со камења, по заповед на царот Јоас, во дворот на Господовиот дом.
22
Царот Јоас не се сети на доброто, што му го беше направил Јодај, таткото на Захарија, а го уби синот негов. И тој умирајќи, велеше: „Нека види Господ и нека се одмазди!“
23
Откако измина годината, излезе против него арамејска војска и влегоа во Јудеја и Ерусалим и ги истребија од народот сите началници народни и сиот плен, земен од нив и му го испратија на царот во Дамаск.
24
Иако сириската војска беше дошла во мал број, Господ им предаде во рацете нивни мошне многубројна сила, затоа што Го беа оставиле Господ, Бог на нивните предци. Тие му се одмаздија и на Јоас.
25
Кога си отидоа од него, откако го оставија во тешка болест, слугите негови направија заговор против него, заради крвта на синот на свештеникот Јодај, го убија во леглото негово и тој умре. Го погребаа во Давидовиот град, но не го погребаа во царските гробници.
26
А заговорници против него беа: Завад, син на Амонката Шимеата, и Јехозавад, син на Моавката Шимрита.
27
За синовите негови, за многуте пророштва против него и за обновувањето на Божјиот дом е напишано во Книгата на царевите. Наместо него стана цар синот негов Амасија.
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 25 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36