bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Exodus 13
Exodus 13
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 14 →
1
Му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Посвети ми го секое првородено, кое ја отвора секоја утроба меѓу синовите израелски: и од луѓето, и од добитокот. Тие Мене ми припаѓаат!“
3
И Мојсеј му рече на народот: „Помнете го овој ден, во кој излеговте од Египет, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Господ оттаму; и не јадете ништо со квас.
4
Денес излегувате, во месецот авив.
5
Затоа, кога Господ ќе те воведе во земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Евејците и Јевусијците, за која им се заколнал на татковците твои дека ќе ти ја даде — земјата во која тече мед и млеко — тогаш служи ја оваа служба во овој месец!
6
Седум дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Господов.
7
Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе квасен леб, ниту да се најде нешто квасно во сите твои краеви.
8
И во тој ден кажи му на синот твој, велејќи: Ова е за она, што ми го направи Господ, кога излегував од Египет!
9
И тоа нека ти биде знак на раката твоја и споменик пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со силна рака Господ те изведе од Египет.
10
Затоа овој закон запазувај го секоја година во определено време!
11
А кога ќе те воведе Господ, во земјата Хананска, како што ти се заколна тебе и на твоите татковци, и ќе ти ја предаде;
12
на Господ ќе Му го одделуваш секое првородено од машки пол, што отвора утроба и секое првородено од стадата или добитокот, што го имаш, а е од машки род, посвети Му го на Господ!
13
А секое првородено магаре замени го со јагне; ако, пак, не го замениш, откупи го. И секое првороденче од човек меѓу синовите твои откупувај го!
14
А кога ќе те запраша синот твој тогаш и ти рече: ‚Што е тоа?‘ Кажи му: ‚Зашто со силна рака Господ нѐ изведе од Египет, од домот на ропството.‘
15
Зашто, кога упорствуваше фараонот да не нѐ пушти, го уби Господ секој првороден во земјата египетска, од првенец човечки до првородено во добитокот; затоа Му го принесувам на Господ како жртва секое машко, кое отвора утроба, а секој првороден меѓу синовите мои го откупувам.
16
И тоа нека ти биде знак на раката твоја и наместо завој над очите твои, бидејќи со силна рака Господ нѐ изведе од Египет.“
17
А кога фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот преку филистејската земја, иако е пократок; зашто Бог рече: „За да не би да се покае народот, кога ќе види војна, па да се врати во Египет.“
18
Бог го поведе народот по патот преку пустината кон Црвеното Море. А синовите израелски излегоа од египетската земја вооружени.
19
И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто тој ги беше заколнал синовите на Израел, велејќи: „Господ навистина ќе ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со себе.“
20
И откако појдоа од Сукот, се настанија во Етам, при крајот на пустината.
21
А Господ одеше пред нив, дење како столб од облак, а ноќе во вид на огнен столб, за да им свети; така тие можеа да одат дење и ноќе.
22
И не се иставаше пред народот столбот облак — дење, ни столбот од оган — ноќе.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40