bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Exodus 35
Exodus 35
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 34
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 36 →
1
Потоа го собра Мојсеј целото општество на синовите израелски, и им рече: „Еве што заповеда Господ да правите:
2
шест дена да се работи, а седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, починка на Господ; секој што ќе работи во тој ден, со смрт да се казни;
3
во саботен ден да не палите оган нигде во живеалиштата ваши.“
4
И уште му рече Мојсеј на целото општество на народот израелски: „Еве што заповеда Господ:
5
соберете помеѓу вас принос на Господ, секој што од срце дава, нека донесе принос, доброволно нека принесе принос на Господ: злато, сребро и бакар,
6
сина, пурпурна и црвена волна, лен и козина;
7
и овнешки кожи, црвени, сини кожи и дрво шитим;
8
масло за светилникот, и мириси за маслото за помазание и мирисното кадиво;
9
и камења од оникс, и камења за украсување на ефодот и за наградникот.
10
И сите, кои се меѓу вас мудри по разум, нека дојдат да направат сѐ што заповедал Господ:
11
Скинијата, платништата и покривот нејзин, кукичките нејзини и штиците, напречниците нејзини, столбовите нејзини и подножјата нејзини;
12
и ковчегот на заветот, со своите лостови, и чистилиштето, и завесата за преграда.
13
Трпезата и лостовите нејзини, и сиот прибор нејзин и лебовите за принос;
14
светилникот за осветление со приборот негов и кадилата негови, и маслото за осветление;
15
и кадилниот жртвеник, и лостовите негови, и маслото за помазание, и миризбите за кадење, и завесата на вратата од скинијата;
16
жртвеникот за сепаленици, и неговите бакарни решетки, лостовите негови и сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово.
17
Завесите за дворот, столбовите негови и подножјата нивни, и завесата од вратата на дворот;
18
коловите за скинијата, и коловите за дворот со јажињата нивни;
19
одеждите службени за служба во светилиштето, и светите одежди на свештеникот Арон, и одеждите на синовите негови за свештеничка служба.“
20
Потоа целото општество на синовите израелски се повлече од Мојсеј.
21
И доаѓаа сите кои срцето ги влечеше и душата ги поттикнуваше; доаѓаа, носејќи принос на Господ — приноси за уредување на скинијата, за сите нејзини потреби и за светите одежди;
22
доаѓаа мажи и жени; сите, што срцето ги влечеше, и принесуваа веришки, обетки, прстени и гривни и секакви златни работи; секој, кој сакаше, принесуваше злато на Господ;
23
и секој, кој имаше сина, пурпурна и црвена волна и лен, овнешки кожи, црвени, и сини кожи, ги принесуваа;
24
и секој, кој донесуваше сребро или бакар, Му Го принесуваше како дар на Господ; и кој имаше дрво шитим, го принесуваше за секоја потреба.
25
А секоја жена, мудра и вешта, предеше со своите раце и принесуваше сѐ што ќе испреде — преѓа сина, пурпурна и црвена и лен;
26
секоја пак, жена, која сакаше, а и можеше да преде, предеше козина.
27
А старешините принесуваа камен оникс и камења за украсување на ефодот и на наградникот;
28
исто така и аромати, масло за осветление и масло за маслото за помазание и миризби за кадење!
29
И така синовите израелски — сите мажи и сите жени, кои сакаа да принесат што и да е за делото, што заповеда Господ преку Мојсеј да се направи, принесоа доброволен дар на Господ.
30
Тогаш им рече Мојсеј на синовите израелски: „Ете, Бог го повика по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино.“
31
И го исполни со Божји Дух, со мудрост и со разум, со знаење и со секоја умешност;
32
да изработува планови, и да прави работи од злато, сребро и бакар;
33
да реже камења, да реже и обработува дрво, и да прави секакви уметнички работи;
34
а вложи во неговото срце и во срцето на Охолијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, и способност да можат да учат и други.
35
Ги обдари со умешност да вршат секаква работа, на ковач, уметник и везач на сина, пурпурна и црвена и ленена ткаенина и ткајачи, кои прават секакви работи и изработуваат уметнички планови.
← Chapter 34
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 36 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
Recommended Reading
Commentary
Exodus Commentaries
→
Devotional
Exodus Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија (66 книги)) Study Bible
→