bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Exodus 26
Exodus 26
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 27 →
1
„Направи и скинија од десет платништа: од пресукан лен, од сина, црвена и светлоцрвена волна; врз нив да направиш и херувими — уметничка изработка.
2
Должината на секое платниште нека е дваесет и осум лакти, додека ширината на секое платниште — четири лакти; таа мерка да биде за сите платништа.
3
Петте платништа нека се поврзани едно со друго, а и петте други платништа нека се поврзани едно со друго.
4
И направи сини котелци по работ на првото платниште, од едната страна за соединување; така направи и по работ на последното платниште: каде што ќе се соединуваат двете половини;
5
педесет котелци направи на едно платниште, и педесет котелци направи по работ на другото платниште, каде што ќе се соединуваат со следното; да бидат еден спроти друг.
6
Направи и педесет кукички од злато и со кукичките соедини го едното платниште со другото; и така скинијата ќе претставува една целина.
7
Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи.
8
Едното платниште да е долго триесет лакти, а широко — четири лакти; таа мерка да биде за сите единаесет платништа.
9
И соедини ги петте платништа одделно, и шестте платништа одделно; шестото платниште откај влезот во скинијата свиткај го на две.
10
Направи и педесет котелци по работ од едното крајно платниште, и педесет котелци по работ од второто крајно платниште, каде што ќе се соединуваат.
11
И направи педесет кукички од бакар и состави ги кукичките со котелците, па соедини ги платништата, за да бидат една целина.
12
А остатокот од платништата на скинијата превиткај го, нека биде таа половина спуштена над скинијата од задната страна;
13
остатокот, пак, од должината на платништата на скинијата — лакот од едната страна и лакот од другата страна — нека бидат спуштени од страните на скинијата — од едната и од другата страна, за да ја покриваат.
14
И направи покрив над скинијата од овнешки кожи, црвено обоени, како и покрив од сини кожи — одозгора.
15
Направи и штици за скинијата од дрвото шитим што ќе стојат исправени;
16
десет лакти нека биде долга една штица, а лакот и пол широка секоја штица;
17
на секоја штица нека има по два клина — еден спроти друг; така направи на секоја штица за скинијата.
18
Така направи штици за скинијата: дваесет штици од страната откај Негев што е на југ,
19
а под дваесетте штици направи четириесет подножја од сребро: две подножја на една штица за обата клина нејзини, и две подножја под другата штица за обата клина нејзини;
20
и дваесет штици за другата страна на скинијата, од север,
21
со четириесет подножја сребрени: две подножја под едната штица и две подножја под другата штица.
22
А од задната страна на скинијата — што е откај запад, направи шест штици.
23
И направи две штици за аглите на скинијата од задната страна;
24
тие да бидат одоздола и одозгора поврзани со алка; така нека биде со двете; тие нека бидат за обата агла;
25
и така ќе има осум штици со шеснаесет подножја сребрени: по две подножја под една штица, и по две подножја под друга штица — за обата клина нејзини.
26
Понатаму направи напречници од дрвото шитим, пет за штиците од едната страна на скинијата,
27
и пет напречници за штиците од другата страна на скинијата, и пет напречници за штиците од задната страна на скинијата, што е кон запад;
28
а внатрешниот напречник да минува преку средината на штиците, од едниот крај до другиот.
29
Штиците опкови ги со злато, а и алките за напречниците направи ги од злато; напречниците исто така, опкови ги со злато.
30
Така ќе ја направиш скинијата според образецот, што ти беше покажан на планината.
31
И направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен; и на неа нека има уметнички извезени херувими.
32
И закачи ја на четири столба од шитим, опковани со злато, со златни кукички, а нивните подножја — сребрени.
33
Потоа обеси ја завесата на кукичките, и внеси го таму зад завесата ковчегот на заветот; и завесата ќе го одделува светилиштето од Светињата над светињите.
34
И со капакот — чистилиште покриј го ковчегот на заветот во Светињата над светињите.
35
Намести и трпеза пред завесата и светилник спрема трпезата, од јужната страна на скинијата, а трпезата постави ја на северната страна.
36
И направи завеса за влезот во скинијата од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен — везена работа.
37
За таа завеса ќе направиш пет столбови од шитим, опковани со злато и со златни кукички; па ќе им излиеш за нив и пет подножја од бронза.“
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 27 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40