bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Exodus 25
Exodus 25
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 24
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 26 →
1
И Господ му рече на Мојсеј, велејќи:
2
„Кажи им на синовите на Израел да Ми соберат прилози: земете прилог кој од драго срце Ми дава.
3
А прилогот што ќе го земете од нив да биде: злато, сребро и бакар;
4
волна сина, црвена и светлоцрвена, лен и козина;
5
и црвени овнешки кожи, фини кожи и дрвја од шитим;
6
масло за светење, и мириси за маслото за помазание и за мирисно кадило;
7
камења оникс и камења за украсување на ефодот и наградникот.
8
Да Ми направите светилиште, од каде што ќе ви се јавувам вам.
9
Сѐ, како што ќе ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите предмети во неа — така да направите.
10
Направете ковчег од дрвото шитим, во должина од два и пол лакта, а во ширина еден и пол лакот, и во висина еден и пол лакот;
11
и опкови го со чисто злато: опкови го однатре и однадвор; направи му златен венец околу врвот;
12
и излиј за него четири алки од злато, и постави ги на четирите негови долни агли: две алки од едната страна и две алки од другата страна.
13
Направи од дрвото шитим лостови, и опкови ги со злато,
14
и провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да се носи на нив ковчегот;
15
лостовите во алките на ковчегот нека стојат, да не се вадат од нив.
16
А во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам.
17
Направи исто така и чистилиште: капак од чисто злато, долго два и пол лакта, а широко еден и пол лакот.
18
И направи два херувима од злато, ковани направи ги и постави ги на двата краја од капакот;
19
направи херувими: еден од едната страна, а друг од другата страна на капакот; направи ги херувимите на обете страни од чистилиштето.
20
Херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат капакот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон чистилиштето.
21
И стави го капакот одозгора врз ковчегот, а во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам Јас:
22
и тука, над капакот, меѓу двата херувима, кои ќе бидат над ковчегот на заветот, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за сѐ ќе им заповедам преку тебе на синовите израелски.
23
Направи и маса од дрвото шитим: долга два лакта, а широка еден лакот, висината да ѝ е лакот и половина.
24
И опкови ја со чисто злато, а направи и златен венец околу неа;
25
и направи ѝ наоколу страници една дланка широки со венец наоколу;
26
а направи за неа и четири алки од злато, и прицврсти ги алките на четирите агли од нејзините четири нозе;
27
на страниците нека има алки, за да можат во нив да се стават лостови, па трпезата со нив да се подигнува;
28
направи ги лостовите од дрвото шитим и опкови ги со злато; и со нив ќе се крева трпезата.
29
Направи за неа чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ќе се врши преливање; а ќе ги направиш од чисто злато.
30
На трпезата поставувај ги секогаш лебовите принесени пред Мене.
31
И направи светилник од чисто злато; светилникот нека биде кован; неговиот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови — сите тие од него да излегуваат;
32
шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот;
33
три чашки во облик на бадемов цвет, со јаболче и цветови нека има едната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот,
34
а на самиот светилник нека има четири чашки во вид на бадемов цвет, со јаболкца и цветови;
35
едно јаболче под две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки — така под шесте гранки што излегуваат од светилникот.
36
Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде кован од чисто злато.
37
И направи му седум кандила, и стави ги кандилата негови да светат од предната негова страна;
38
а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато;
39
од еден кикар чисто злато да направиш свеќник, со сиот негов прибор.
40
И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.“
← Chapter 24
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 26 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40