bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Exodus 36
Exodus 36
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 37 →
1
И започнаа да работат Веселеил и Охолијав и сите способни луѓе, на кои Господ им беше дал мудрост и знаење да разбираат и да работат секакви работи, потребни за светилиштето, сѐ како што беше заповедал Господ.
2
И ги повика Мојсеј Веселеил и Охолијав и сите мудри луѓе, на кои Бог им дал разум во срцето, и сите, кои од срце сакаа да се зафатат за дела што треба да се свршат.
3
И тие ги зедоа од Мојсеј сите дарови што ги беа принеле синовите израелски за потребите на светилиштето за да се работи. А тие ги примаа уште и принесуваните дарови од оние што носеа секое утро.
4
Тогаш дојдоа сите вешти луѓе, што вршеа работи за светилиштето, секој според својата работа, кој каква што работел,
5
па му рекоа на Мојсеј: „Народот принесува повеќе отколку што е потребно за да се направи, она што заповеда Господ.“
6
И Мојсеј разгласи во таборот, велејќи: „Ни маж ни жена да не принесува ништо повеќе како дар за светилиштето.“ И народот престана да принесува,
7
зашто имаше доста принесено за секакви работи што требаше да се направат, дури и преостануваше.
8
Тогаш сите вешти луѓе, кои се обврзаа да ја направат скинијата, приготвија десет платништа од пресукан лен и од сина, пурпурна и црвена волна и на нив направија уметнички извезени херувими.
9
Должината на секое платниште изнесуваше дваесет и осум лакти, а ширината четири лакти; сите платништа беа со иста мерка.
10
И Веселеил ги состави петте платништа едно со друго, и другите пет платништа ги состави едно со друго.
11
И направи сини петлици по рабовите на едното платниште, каде што ќе се соединува со другото; такви направи тој и на работ од последното платниште, за да го соедини со другото.
12
Педесет петлици направи на едното платниште, каде што се соединува со другото; петлиците беа една спрема друга.
13
И направи педесет златни кукички и со кукичките состави едно платниште со друго. Така скинијата стана една целина.
14
Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи:
15
едно платниште беше долго триесет лакти, а широко четири лакти; една мерка беа сите единаесет платништа.
16
Па ги состави петте платништа одделно, а шесте платништа одделно.
17
И направи педесет петлици по работ од крајното платниште, каде што се соединува со другото, и педесет петлици направи по работ на другото платниште, за да се соединува со другото;
18
а направи и педесет кукички од бакар, за да се состави покривот, та да стане целина.
19
Потоа направи покрив за скинијата од овнешки кожи, црвени, а над неа друга — од сини кожи.
20
И направи штици за скинијата од дрвото шитим, што ќе стојат исправени;
21
секоја штица од по десет лакти долга, а лакот и половина широка;
22
секоја штица имаше по два клина, еден спроти друг; така направи тој на секоја штица од скинијата.
23
А вакви штици за скинијата направи дваесет за јужната страна:
24
и направи четириесет подножја сребрени за под дваесетте штици, по две подножја под секоја штица за двата клина нејзини, и по две подножја под другата штица за двата нејзини клина.
25
И за другата страна на скинијата, спрема север, направи дваесет штици,
26
и четириесет сребрени подножја: две подножја под едната штица и две подножја под другата штица.
27
А за задната страна на скинијата, кон запад, направи шест диреци;
28
направи уште две штици за аглите на скинијата од задната страна;
29
тие беа составени одоздола и одозгора со една алка; така направи тој со обете страни на двата агла;
30
и така имаше осум штици и шеснаесет подножја сребрени, по две подножја под секоја штица.
31
Потоа направи напречници од дрвото шитим: пет за штиците од едната страна на скинијата,
32
и пет напречници за штиците од другата страна на скинијата, и пет напречници за штиците од задната страна на скинијата.
33
А направи и внатрешна напречница што ќе иде преку средината на штиците од едниот до другиот крај;
34
диреците ги опкова со злато, а и алките, низ кои беа провлечени напречниците, ги направи од злато, па и напречниците ги опкова со злато.
35
Потоа направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен и на неа направи херувими, уметнички извезени;
36
за неа направи и четири столба од дрвото шитим, и ги опкова со злато; и златни кукички за столбовите и им излеа четири подножја од сребро.
37
Направи потоа завеса за влезот во скинијата од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, уметничка изработка,
38
и пет столбови за неа со кукичките нивни; врвовите на столбовите и нивните прстени ги обложи со злато, и направи пет подножја од бакар.
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 37 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40