bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Exodus 27
Exodus 27
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 28 →
1
„Направи и жртвеник од дрвото шитим — пет лакти долг и пет лакти широк; четириаголен да биде жртвеникот и три лакти висок.
2
А на неговите четири агли направи им рогови, така што роговите да излегуваат од него; и опкови го со бронза.
3
Потоа направи за него котли за исипување во нив на пепелта, и лопатчиња, и потири, и вилушки, и кадилници; сиот овој прибор направи го од бакар.
4
И направи му решетка од бакар во вид на мрежа, а на решетката од четирите нејзини агли, направи и четири алки од бакар;
5
и стави ги под рамката на жртвеникот, долу, така што решетката да зафаќа до средината на жртвеникот.
6
Направи за жртвеникот лостови, лостови од дрвото шитим, и опкови ги со бакар;
7
лостовите да се провлечат низ алките, така што лостовите да излегуваат од двете страни на жртвеникот, за да се носи.
8
Ќе го направиш од штици, однатре да биде празен; како што ти беше покажано на гората, така да се направи.
9
Направи и двор на скинијата. На јужната страна, откај Негев, завесите за дворот треба да бидат од пресукан лен, сто лакти во должина од едната страна;
10
столбови за нив да има дваесет, а подножја од бакар — дваесет; кукичките за нивните столбови и обрачите нивни да бидат сребрени.
11
Исто така и од северната страна завесите да бидат сто лакти долги; и дваесет столбови за нив со дваесет подножја од бакар; кукичките нивни и обрачите на столбовите да бидат од сребро.
12
А и по ширина на дворот, откај западната страна, да има завеси, долги педесет лакти; со десет столбови и десет подножја за нив.
13
А и од предната страна, кон исток, дворот треба да има педесет лакти ширина.
14
Од петнаесет лакти нека бидат завесите од едната страна, и за нив три столба и три подножја под нив;
15
и од другата страна завеси, од петнаесет лакти, со три столба за нив и три подножја под нив.
16
А за вратата на дворот завесата да е дваесет лакти, од сина, пурпурна и црвена волна и со пресукан лен — уметничка работа; и четири столба за неа, со четири подножја под нив.
17
Сите столбови околу дворот треба да бидат поврзани со обрачи од сребро; и кукичките нивни да им се сребрени, а подножјата од бакар.
18
Во должина дворот да има сто лакти, во ширина по педесет насекаде, додека во висина пет лакти — од пресукан лен, а подножјето од бакар.
19
Сиот прибор во скинијата за општа употреба и сите нејзини колови, и сите колови на дворот да се од бакар.
20
И заповедај им на синовите израелски да ти носат чисто масло, исцедено од маслинка, за светење, за да гори светилникот секогаш.
21
Во скинијата на собранието пред завесата, која ќе го закрива ковчегот на заветот, Арон и неговите синови нека го палат, да гори пред Господ од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите израелски.“
← Chapter 26
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 28 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40