bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Exodus 16
Exodus 16
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 17 →
1
Од Елим се кренаа и целата заедница на синовите израелски дојде во пустината Син, која се наоѓа меѓу Елим и Синај, во петнаесеттиот ден од вториот месец, откако излегоа од египетската земја.
2
И почна да се буни целата заедница на синовите израелски против Мојсеј и против Арон во пустината.
3
И им рекоа синовите на Израел: „О, да бевме умреле од раката Господова во земјата египетска, кога седевме покрај котлите со месо и јадевме леб до насит! Нѐ изведовте овде во оваа пустина, за да го умрете целово ова множество со глад!“
4
А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, ќе пуштам да паѓа леб од небото, и народот нека излегува секој ден и нека собира колку што е потребно за тој ден, за да го проверам ќе постапува ли според законот Мој или не;
5
а во шестиот ден нека го зготват она, што го собрале, и тоа ќе стане двојно од она, што го собираат секој ден.“
6
Тогаш Мојсеј и Арон му рекоа на целиот народ израелски: „Вечерва ќе познаете дека Господ ве изведе од земјата египетска,
7
а утре ќе ја видите славата Господова; зашто Тој го чу негодувањето ваше против Господ. Што сме ние, та да се буните против нас?“
8
Потоа Мојсеј рече: „Вечерва Господ ќе ви даде месо да јадете, а утре изутрина леб до наситка; зашто го чу Господ негодувањето ваше, што го сторивте против Него. Кои сме ние? Вашето негодување не е против нас, туку против Господ.“
9
И му рече Мојсеј на Арон: „Кажи му на целото општество на синовите израелски — ‚застанете пред Господ, зашто Тој го чу вашето незадоволство.‘“
10
И кога Арон му зборуваше на народот, тие погледнаа кон пустината, и ете — славата Господова се појави во облак.
11
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
12
„Го чув негодувањето на синовите израелски. Кажи им и речи: ‚Вечерва ќе јадете месо, а утре ќе се наситите со леб, и ќе познаете дека јас сум Господ, вашиот Бог.‘“
13
Вечерта долетаа потполошки и го прекрија логорот; а утрината беше паднала роса околу логорот.
14
И, ете, кога се крена росата, а тоа: по пустината лежи валчест прав, нешто како бел сињак по земјата.
15
И кога видоа синовите израелски, си велеа еден на друг: „Што е тоа?“ Зашто не знаеја, што беше тоа. А Мојсеј им рече: „Тоа е лебот, што ви го даде Господ да го јадете.“
16
Еве како заповеда Господ: „Собирајте од него, секој колку што му треба за јадење — по еден омер на лице, според бројот на членовите ваши; секој според бројот на домашните што ги има во шаторот, собирајте.“
17
И направија така синовите израелски: и собраа, кој повеќе, кој помалку.
18
Па мереа со омер; и кој беше собрал повеќе, излишок немаше, а оној помалку, — немаше недостиг; секој имаше онолку, колку што можеше да изеде.
19
И им рече Мојсеј: „Никој да не остава од тоа за утре!“
20
Но тие не го послушаа Мојсеј, туку некои оставија од тоа за утре, а тоа црвоса и се усмрде. И се налути Мојсеј на нив.
21
И така тие го собираа секое утро рано, секој колку што може да изеде; а кога сонцето ќе изгрееше, тоа се топеше.
22
А во шестиот ден собраа од тој леб двојно повеќе — по два омера за секого. И дојдоа старешините народни, па му јавија на Мојсеј.
23
А тој им рече: „Еве што кажа Господ — утре е сабота, ден за одмор посветен на Господ; што ќе печете — печете, и што треба да варите — варете денес; а што ќе преостане, соберете го и чувајте го за утре!“
24
И оставија од него за утре, како што заповеда Мојсеј, и тоа не се усмрде, ниту имаше црвје во него.
25
И Мојсеј рече: „Јадете го тоа денес, бидејќи денес е сабота Господова; денес нема да најдете од него во полето.
26
Шест дена ќе собирате, а седмиот ден е сабота, тогаш ќе го нема.“
27
И на седмиот ден излегоа некои од народот да собираат, но не најдоа.
28
А Господ му рече на Мојсеј: „До кога ќе се противите на заповедите Мои и на законот Мој?
29
Ете, Господ ви дал денес сабота, затоа во шестиот ден и ви дава леб за два дена. Останете секој во својот дом, и во седмиот ден никој да не го напушта местото свое.“
30
И се одмараше народот седмиот ден.
31
И синовите израелски тој леб го нарекоа мана. Тој беше бел како коријандрово семе, а по вкус — како медено колаче.
32
Тогаш Мојсеј им рече: „Еве што заповеда Господ: ‚Земете еден омер мана, за да се запази во родовите ваши, за да го видат лебот што го јадевте и со кој ве хранев во пустината, кога ве изведов од земјата египетска.‘“
33
И му рече Мојсеј на Арон: „Земи еден сад и стави во него еден омер мана, и постави го пред Господ, за да се чува во вашето потомство.“
34
И го постави Арон пред ковчегот на заветот, за да се чува, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
35
А синовите на Израел јадеа мана четириесет години, додека не дојдоа во населена земја; јадеа мана сѐ додека не стигнаа до границата на хананската земја.
36
А омерот е десетти дел од ефа.
← Chapter 15
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 17 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40