bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Exodus 15
Exodus 15
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 16 →
1
Тогаш, Мојсеј и синовите израелски ја запеаја оваа песна на Господ, велејќи: „Да Го воспеам Господа, зашто славно се прослави: коњот и коњаникот негов ги фрли в море.
2
Господ е моја сила и моја слава; Тој е спасение мое; Тој е Бог мој, и ќе Го прославувам; Бог на таткото мој, и ќе Го превознесувам.
3
Господ е воин; Јахве е името Негово.
4
Колите фараонови и војската негова ги фрли в море; избраните војводи негови се удавија во Црвено Море.
5
Бездните ги покрија; тие потонаа во длабочините, како камења.
6
Десницата Твоја, Господи, се прослави со сила; десната рака Твоја, Господи, го уништи непријателот.
7
И со величието на славата Твоја Ти ги собори оние, кои станаа против Тебе; Ти го излеа гневот Свој, и тој ги изгоре како слама.
8
Од здивот на ноздрите Твои водите се расцепија, брановите се издигнаа како ѕид; бездните морски станаа тврди.
9
Непријателот рече: ‚Ќе гонам, ќе стигнам, плен ќе разделам, ќе се насити со нив душата Моја, ќе го извадам мечот Свој, ќе ги уништи раката Моја.‘
10
Ти дувна со здивот Твој, и морето ги покри; и тие потонаа како олово во силните води.
11
Кој е како Тебе меѓу боговите, Господи? Кој е како Тебе прославен во светоста Своја, прекрасен во славата Своја и Творец на чуда?
12
Ти ја пружи десницата Своја и земјата ги голтна.
13
Според милоста Твоја го водиш овој народ, кого Ти го избави, и го спроведуваш со силата Своја во живеалиштето на Светоста Твоја.
14
Народите слушнаа и затоа треперат: ужас ги опфати жителите на земјата филистејска.
15
Тогаш се збунија поглаварите едомски, страв и трепет ги обзеде кнезовите моавски, се уплашија сите жители ханански.
16
Нека ги опфати страв и ужас; од силата на раката Твоја нека онемеат како камен, додека не помине народот Твој, Господи, додека не помине овој народ што си го придобил.
17
Одведи го и смести го во планината на Твоето наследство, во место, кое Ти Господи, си го приготвил за живеалиште Свое, во светилиштето создадено со рацете Твои, Господи!
18
Господ ќе царува секогаш и во вечност.
19
Кога коњите фараонови со колите негови и со коњаниците негови влегоа во морето, Господ ги поврати врз нив водите морски: а синовите на Израел поминаа по суво среде море.“
20
И пророчицата Мирјам, сестрата Аронова, зеде тимпан во раката своја, а по неа излегоа сите жени со тимпани и со игра.
21
И запеа Мирјам пред нив: „Пејте Му на Господ, зашто славно се прослави: коњот и коњаникот в море ги фрли.“
22
Потоа ги поведе Мојсеј синовите израелски од Црвеното Море, и тие навлегоа во пустината Сур; и одејќи низ пустината три дена, не најдоа вода за пиење.
23
Дојдоа во Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше горчлива; затоа и го нарекле тоа место Мара.
24
Тогаш народот почна да вика против Мојсеј, велејќи: „Што ќе пиеме?“
25
Извика Мојсеј кон Господ, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му даде наредби и закони, и таму го подложи на проверка.
26
И му рече: „Ако го послушаш добро гласот на Господ твојот Бог, ако правиш што е угодно пред очите Негови, ако ги слушаш заповедите Негови и ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, твојот исцелител.“
27
Потоа стигнаа во Елим; таму имаше дванаесет извори и седумдесет палми; и се улогорија таму крај водите.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40