bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Luke 12
Luke 12
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 13 →
1
Во меѓувреме се собра едно многуилјадно множество, така што се газеа еден со друг; почна да им зборува првин на Своите ученици: „Пазете се од фарисејскиот квас, што е лицемерие!
2
Нема ништо сокриено, што не ќе се открие; ниту тајно, што не ќе се узнае!
3
Затоа, тоа што сте рекле во темнина, ќе се чуе на видело; и што сте рекле на уво во собите, ќе биде разгласено од покривите.
4
А вам, на Моите пријатели, ви велам: не бојте се од оние, кои го убиваат телото, а потоа не можат ништо повеќе да направат!
5
Но ќе ве предупредам од кого да се боите: бојте се од Оној, Кој - по убивањето - има власт да фрли во пеколот! Да, ви велам, бојте се од Него!
6
Зар не се продаваат две врапчиња за два асарија? И ниедно од нив не е заборавено пред Бога.
7
А вам ви се изброени и сите влакна на главата! Не бојте се! Вие вредите повеќе од многу врапчиња.
8
И ви велам: секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, и Човечкиот Син ќе го признае пред Божјите ангели;
9
а кој се одрече од Мене пред луѓето, ќе биде одречен пред Божјите ангели.
10
На секој, што ќе рече збор против Човечкиот Син, ќе му биде простено; но на оној, кој похули против Светиот Дух, нема да му се прости.
11
И кога ќе ве одведат во синагогите и пред началствата, не грижете се како и со што ќе се браните или што ќе кажете,
12
зашто Светиот Дух ќе ве научи во истиот час, што треба да кажете!
13
Тогаш некој од народот Му рече: „Учителе, кажи му на брата ми да го подели наследството со мене!”
14
А Тој му рече: „Човеку - кој Ме поставил Мене судија или делител над вас?”
15
И им рече: „Внимавајте и чувајте се од секое користољубие, зашто животот на човекот не се состои во изобилството на неговиот имот!”
16
И им кажа и парабола, велејќи: „Нивата на еден богат човек роди многу плод.
17
И размислуваше во себеси вака: ‘Што да правам, зашто немам каде да ги соберам своите плодови?’
18
И рече: ‘Вака ќе направам - ќе ги разурнам своите житници и ќе изградам поголеми, и таму ќе ги соберам сето свое жито и сите свои добра.
19
Тогаш ќе и речам на својата душа - душо, имаш многу блага, натрупани за многу години; почивај, јади, пиј и уживај!’
20
Но Бог му рече: ‘Безумниче, ноќеска ќе ти се побара твојата душа! Чие ќе биде тоа, што си го приготвил?’
21
Така бидува со оној, кој собира благо за себеси, а не се богати во Бога.”
22
Уште им рече на Своите ученици: „Затоа ви велам: не грижете се за својата душа - што ќе јадете; ниту за телото свое - што ќе облечете;
23
зашто душата е повеќе од храната, а телото од облеката.
24
Погледнете ги гавраните како ни сејат, ни жнијат; немаат ни скривалишта, ни житници, а Бог ги храни. Колку повеќе вредите од птиците!
25
А кој од вас може - грижејќи се - да му додаде еден лакот на својот раст?
26
И така, ако не можете да го направите ни најмалото, зошто се грижите за другото?
27
Погледнете како растат лилјаните? Тие не се трудат и не предат; а Јас ви велам дека ни Соломон, во сета своја раскош, не се облече како еден од нив.
28
Ако Бог така ја облекува тревата во полето, што денес ја има, а утре ја фрлаат во печка; колку повеќе вас, маловерни?
29
И така, не барајте што ќе јадете и што ќе пиете; и не се вознемирувајте со грижи!
30
Сето тоа го бараат народите на светот, а вашиот Татко знае дека тоа ви е потребно.
31
Туку барајте го Неговото Царство, а тоа ќе ви се придаде!
32
Не бој се мало стадо, зашто вашиот Татко благоволи да ви го даде Царството.
33
Продајте го својот имот и дајте го како милостина! Направете си торби, што не изветвуваат: неисцрпно сокровиште на небесата, каде крадец не се приближува, ниту молец изедува,
34
зашто каде е вашето сокровиште, таму ќе биде и вашето срце.”
35
Нека ви биде препашан крстот, а светилките запалени!
36
А вие бидете слични на луѓе, кои го чекаат својот господар, кога се враќа од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука.
37
Блажени се оние слуги, кои господарот ќе ги најде будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, дека ќе се препаше, ќе ги прилегне до трпезата и ќе дојде да им служи.
38
И ако дојде во втората или третата стража и ги најде така, блазе им ним.
39
Но, знајте го ова: кога домаќинот би знаел во кој час ќе дојде крадецот, не би дозволил да му ја поткопа куќата.
40
Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, во кој не мислите!”
41
А тогаш Петар рече: „Господи, нам ли ни ја кажуваш оваа приказна или на сите?”
42
А Господ рече: „Имено, кој е оној верен и разумен домоуправител, кого господарот ќе го постави над своите слуги, за да им дава храна на време?
43
Блажен е оној слуга, кога господарот - кога дојде - ќе го најде да работи така!
44
Вистина ви велам, ќе го постави над целиот свој имот.
45
Но ако оној слуга рече во своето срце: ‘Мојот господар нема да дојде скоро,’ па почне да ги бие момчињата и момичињата, да јаде, да пие и да се пијани;
46
господарот на тој слуга ќе дојде во ден, кога не го очекува, и во час, што не го знае, и ќе го расече и ќе ја одреди неговата судбина со неверните.
47
А оној слуга, кој ја знаел волјата на својот господар, и не приготвил и не постапил според неговата волја, ќе биде многу биен.
48
А оној, кој не знаел, а направил нешто што заслужува биење, ќе биде малку биен. Од секој - кому му е дадено многу - ќе се бара многу; и кому му е поверено многу, од него ќе се бара повеќе.”
49
”Дојдов да фрлам оган на земјата, и колку би сакал веќе да е запален!
50
Но треба да се крстам со крштавање, и колку ми е тешко додека не се изврши.
51
Мислите ли дека дојдов да и донесам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздор,
52
зашто отсега петмина, во една куќа, ќе бидат разделени: тројца против двајца, двајца против тројца;
53
ќе се разделат: таткото против синот, и синот против таткото; мајката против ќерката, и ќерката против мајката; свекрвата против својата снаа, и снаата против свекрвата.”
54
А на народот му рече: „Кога гледате дека се дига облак од запад веднаш велите: ‘Доаѓа дожд’ - и така бива.
55
И кога гледате дека дува јужниот ветер, велите: ‘Ќе биде жега’- и бива.
56
Лицемери! Умеете да го протолкувате лицето на небото и земјата; како тогаш не го препознавате ова време?
57
А зошто сами од себе не судите што е право?
58
Зашто, кога одиш со својот противник кај главатарот, погрижи се уште патем да се ослободиш од него, за да не те предаде пред судијата, а судијата да те предаде на судскиот служител, а служителот да те фрли во темница.
59
Ти велам, нема да излезеш оттаму, додека не ја дадеш и последната лепта.”
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24