bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Luke 24
Luke 24
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
1
А во првиот ден на седмицата, многу рано, жените дојдоа на гробот, носејќи ги мирисите, што ги приготвија.
2
И го најдоа каменот одвален од гробот.
3
И кога влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса.
4
И додека стоеја збунети заради тоа, ете, пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки.
5
Бидејќи беа уплашени ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?
6
Тој не е тука! Воскресна! Спомнете си како ви зборуваше, додека уште беше во Галилеја;
7
говорејќи: ‘дека Човечкиот Син треба да биде предаден во рацете на грешниците и да биде распнат и да воскресне на третиот ден!’
8
И си ги спомнаа Неговите зборови.
9
И кога се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на Единаесетмината и на сите други.
10
А тие беа: Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јакововата мајка, и други жени со нив; им го кажаа тоа на апостолите.
11
А ним овие зборови им изгледаа како празна шега, и не им веруваа.
12
А Петар стана и отрча до гробот се наведна и ги виде само ленените завои, и отиде назад, чудејќи се за она што се случило.
13
И ете, во истиот ден, двајца од нив одеа во едно село, наречено Емаус, оддалечено шеесет стадии од Ерусалим,
14
и разговараа меѓу себе за сите овие настани.
15
И додека тие разговараа и се запрашуваа, Сам Исус им се приближи и одеше со нив.
16
Но на нивните очи не им беше дадено да Го препознаат.
17
И им рече: „Какви се тие зборови што ги водите патем меѓу себе и зошто сте нажалени?”
18
И едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Дали си Ти единствениот странец во Ерусалим, Кој не знаеш, што се случило во него овие дни?”
19
И им рече: „Што?” А тие Му рекоа: „Она што стана со Исуса Назареецот, Кој беше пророк силен на дело и во словото, пред Бога и пред целиот народ:
20
како нашите свештенички главатари и старешини Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа,
21
А ние се надевавме дека е Тој Оној, Кој ќе го избави Израел. И покрај сето тоа, веќе е трет ден откако стана ова.
22
А нè збунија и некои жени од нашите, кои биле многу рано на гробот,
23
и не го нашле Неговото тело; дојдоа и кажаа дека виделе и појава на ангели, кои им рекле дека Тој е жив.
24
Некои од нашите отидоа до гробот и најдоа како што рекоа жените, но Него не Го виделе.”
25
И Тој им рече: „О неразумни и спори во срце, за да верувате во сè што рекле пророците!
26
Не требаше ли Христос да го претрпи тоа, и да влезе во Својата Слава?”
27
И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишано за Него во целото Писмо.
28
И кога се приближија до селото, во кое одеа, Тој се направи како да сака да оди натаму.
29
Но, тие Го задржуваа, велејќи: „Остани со нас, зашто вечерта е близу, а денот веќе превали!” И влезе да остане со нив.
30
И додека беше прилегнат со нив покрај трпезата, зеде леб, благослови, го раскрши и им го даде.
31
Тогаш им се отворија очите и Го препознаа; но Тој стана невидлив за нив.
32
И си рекоа еден на друг: „Не гореше ли срцето во нас, кога ни зборуваше патем и ни ги толкуваше Писмата?”
33
И во истиот час станаа и се вратија во Ерусалим, каде ги најдоа собрани Единаесетмината, и тие кои беа со нив,
34
кои зборуваа: „Господ навистина воскресна; му се јавил на Симона!”
35
А тие пак раскажаа што се случило патем и како Го препознаа при раскршувањето на лебот.
36
И додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана меѓу нив и им рече: „Мир вам!”
37
А тие збунети и уплашени мислеа дека гледаат дух.
38
А Тој им рече: „Зошто сте збунети? И зошто се јавуваат сомненија во вашите срца?
39
Погледајте ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете Ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам.”
40
И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41
А бидејќи тие од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: „Имате ли тука нешто за јадење?”
42
И Му дадоа парче печена риба и мед со саќе.
43
Тој го зеде и јадеше пред нив.
44
И им рече: „Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се исполни сè што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, во Пророците и во Псалмите.”
45
Тогаш им го отвори умот, за да ги разберат Писмата,
46
и им рече: „Така е напишано дека Христос треба да пострада и да воскресне од мртвите во третиот ден,
47
и да биде проповедано во Негово име покајание и прошка на гревовите на сите народи - почнувајќи од Ерусалим.
48
Вие сте сведоци на тоа;
49
а еве, Јас ќе го испратам на вас ветувањето на Мојот Татко; а вие останете во градот, додека не се облечете во сила одозгора!”
50
И ги изведе до Витанија; ги подигна Своите раце и ги благослови.
51
И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небо.
52
А тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.
53
И беа постојано во Храмот фалејќи Го и благословувајќи Го Бога. Амин!
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24