bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Luke 22
Luke 22
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
1
А наближуваше празникот на бесквасните лебови, кој се вика Пасха.
2
Свештеничките главатари и книжниците размислуваа како да Го убијат; но се плашеа од народот.
3
Тогаш сатаната влезе во Јуда, кој се викаше Искариотски, еден од бројот на Дванаесетмината.
4
Тој отиде и се договори со свештеничките главатари и со заповедниците како да им Го предаде.
5
И тие се зарадуваа и му ветија да му дадат сребреници.
6
И тој се согласи и бараше згодна прилика за да им Го предаде, кога таму не ќе биде народот.
7
И дојде денот на бесквасните лебови, кога требаше да се заколе пасхалното јагне.
8
И ги испрати Петра и Јована, велејќи: „Одете и пригответе ни да ја јадеме Пасхата!”
9
А тие Му рекоа: „Каде сакаш да ја приготвиме?”
10
А Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек, кој носи врчва со вода; одете по него во куќата во која ќе влезе
11
и речете му на домаќинот: ‘Учителот прашува, каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со Своите ученици?’
12
И тој ќе ви покаже голема горна одаја послана, таму пригответе!”
13
А тие отидоа и најдоа како што им рече и ја приготвија Пасхата.
14
А кога дојде часот, седна Тој крај трпезата и апостолите со Него,
15
и им рече: „Многу сакав да ја јадам со вас оваа Пасха, пред да пострадам,
16
зашто ви велам: нема веќе да ја јадам додека не се исполни во Божјото Царство.”
17
И ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете ја и поделете ја меѓу себе,
18
зашто ви велам дека нема да пијам од лозовиот плод - додека не дојде Божјото Царство!”
19
Потоа зеде леб, заблагодари и го раскрши и им го раздаде, велејќи: „Ова е Моето тело, кое се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!”
20
А исто така, ја зеде и чашата - по вечерата - и рече: „Оваа чаша е Новиот Завет во Мојата крв, која се пролева за вас.
21
Но, ете, раката на оној, кој Ме предава е со Мене, на трпезава.
22
Зашто Човечкиот Син оди, како што е определено, но горко му на оној човек, кој ќе Го предаде!”
23
И почнаа да се прашуваат помеѓу себе: кој ли ќе е од нив оној, кој ќе го направи тоа.
24
А настана и препирка меѓу нив за тоа кој е од нив поголем.
25
А Тој им рече: „Царевите на народите владеат над нив, а оние, кои управуваат над нив се викаат добротвори.
26
А вие, немојте така! Но, поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, а старешината како служителот.
27
Зашто, кој е поголем - оној, кој прилегнал покрај трпезата или оној, кој слугува? Зар не е оној, кој прилегнал покрај трпезата? А Јас Сум меѓу вас како служител.
28
Вие сте оние, кои истрајувате со Мене во Моите искушенија.
29
И Јас ви го определувам Царството, како што Мојот Татко Ми го определи Мене,
30
за да јадете и да пиете на Мојата трпеза, во Моето Царство, и да седите на престоли и да им судите на дванаесетте Израелеви племиња.”
31
И рече Господ: ”Симоне, Симоне, ете, сатаната побара да ве просее како пченица,
32
но Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!”
33
А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и во темница и во смрт.”
34
А Тој рече: „Ти велам, Петре, денес не ќе пропее петел, додека трипати не се одречеш дека Ме познаваш!”
35
Уште им рече: „Кога ве пратив без ќесе и без торба и обувки, дали ви недостасуваше нешто?” А тие рекоа: „Ништо!”
36
И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека го земе; исто така и торба; а кој нема нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч;
37
зашто ви велам, дека треба да се изврши на Мене што е напишано: „И Го вброија меѓу злочинци!” Имено, она што е пишано за Мене - се исполнува.”
38
А тие Му рекоа: „Господи, еве тука има два меча!” А Тој им рече: „Доста е!”
39
И излезе и отиде, според обичајот, на Маслиновата Гора; а учениците одеа по Него.
40
И кога дојде на местото, им рече: „Молете се, за да не паднете во искушение.”
41
И Тој се оддели од нив, колку што може да се фрли камен, и клекна на колена и се молеше,
42
велејќи: „Татко! Ако сакаш, отстрани ја оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата, туку Твојата волја!”
43
И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.
44
И кога се најде во борба, се молеше уште поусрдно; а потта Му стана како капки крв, што паѓаа на земјата.
45
И кога стана од молитвата, дојде при учениците и ги најде заспани од тага;
46
и им рече: „Зошто спиете! Станете и молете се, за да не паднете во искушение!”
47
Додека уште зборуваше, ете, едно множество, пред кого одеше еден од Дванаесетмината, кој се викаше Јуда, и Му се приближи на Исуса да Го целива.
48
Но Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Човечкиот Син!”
49
А кога оние, кои беа со Него, видоа што ќе стане, рекоа: „Господи, да удриме ли со меч?”
50
И еден од нив, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво.
51
А Исус одговори и рече: „Оставете Го тоа!” И се допре до увото и го излечи.
52
Тогаш Исус им рече на оние, кои се кренаа против Него - на свештеничките главатари, на началниците на Храмот и на старешините: „Излеговте како на разбојник со мечеви и стапови!
53
Кога бев, секој ден со вас во Храмот, не кренавте рака на Мене. Но, ова е ваш час и власт на темнината!”
54
А кога Го фатија, Го одведоа и Го воведоа во домот на првосвештеникот. Петар одеше по Него оддалеку.
55
Кога пак запалија оган среде дворот и седнаа наоколу, и Петар седеше меѓу нив.
56
И кога една слугинка го виде како седи до огнот, се загледа во него и рече: „И овој беше со Него!”
57
Но тој одрече, велејќи: „Жено, не Го познавам!”
58
И малку потоа, го виде некој друг и рече: „И ти си од нив!” А Петар рече: „Човеку, не сум!”
59
И кога помина околу еден час време, еден друг потврдуваше: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!”
60
А Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!” И веднаш - додека уште зборуваше - петел запеа.
61
Тогаш Господ се заврти и го погледна Петра; и Петар се сети на Господовите зборови, што му ги рече: „Пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене!”
62
И Петар штом излезе надвор заплака горко.
63
А мажите, кои го држеа Исуса, Му се потсмеваа и Го биеја;
64
па, кога Го покрија, Го удираа по образите и Го прашуваа: „Проречи кој Те удри?”
65
И многу други хули рекоа против Него.
66
А кога се раздени, се собраа народните старешини, свештеничките главатари и книжниците, и Го воведоа во Синедрионот
67
и Му рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!” А Тој им рече: „Ако ви кажам, нема да поверувате.
68
Ако ве прашам, нема да одговорите.
69
Но отсега Човечкиот Син ќе седи оддесно на Божјата Сила.”
70
Тие сите рекоа: „Значи, Ти си Божји Син?” Тој пак им рече: „Вие велите дека Сум Јас.”
71
А тие рекоа: „Зошто ни е потребно уште сведоштво. Самите чувме од Неговата уста.”
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24