bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Luke 4
Luke 4
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 5 →
1
А Исус исполнет со Светиот Дух, се врати од Јордан, и Духот Го водеше во пустината
2
четириесет дена, каде беше искушуван од ѓаволот. А во тие дни не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне.
3
Тогаш ѓаволот Му рече: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.”
4
А Исус му одговори: „Напишано е, дека човекот не ќе живее само со леб.”
5
И го одведе на високо и Му ги покажа, во еден миг, сите царства на светот
6
и Му рече ѓаволот: „Ќе ти ја дадам сета власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена и јас ја давам кому што сакам.
7
И така, ако ми се поклониш, сè ќе биде Твое.”
8
А Исус одговори и му рече: „Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: ‘Поклонувај Му се на Господа, Твојот Бог, и само Нему служи Му!’
9
И Го одведе во Ерусалим и Го постави на врвот на Храмот и Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се оттука долу,
10
зашто е напишано: ‘Ќе им заповеда на Своите ангели за Тебе, да Те запазат
11
и ќе Те носат на раце, за да не си ја сопнеш Твојата нога на камен.’
12
Исус одговори и му рече: „Кажано е: ‘Не искушувај Го Господа, Својот Бог.’”
13
И откако го заврши секое искушение, ѓаволот отстапи од Него за некое време.
14
И Исус се врати, во силата на Духот, во Галилеја и гласот за Него се разнесе по целата околина.
15
А Тој поучуваше по нивните синагоги и сите Го прославуваа.
16
И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај, и стана да чита.
17
Му го подадоа книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано:
18
”Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце,
19
да им навестам на заробениците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.”
20
Го завитка свитокот, му го врати на службеникот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него.
21
И почна да им зборува: „Денес се исполни ова писмо, во вашите уши.
22
И сите Му посведочија и им се восхитуваа на благодатните зборови, што излегуваа од Неговата уста. И велеа: „Не е ли Овој Синот Јосифов?”
23
И им рече: „Секако ќе ми ја кажете пословицава: ‘Лекаре, излечи се сам!’ Направи и тука, во својот роден крај, сè што чувме дека си направил во Капернаум.”
24
Тогаш им рече: „ Вистина ви велам, дека ниеден пророк не е примен во својата родина.
25
Вистина ви велам - имаше многу вдовици во Израел, во времето на Илија, кога небото беше затворено три години и шест месеци и настана голема глад по целата земја;
26
и при ниедна од нив не беше пратен Илија, а само при жената вдовица во Сидонската Сарепта.
27
Исто имаше многу лепрозни во Израел во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не беше очистен освен Сириецот Нааман.”
28
А кога го чуја тоа, сите во синагогата се наполнија со гнев
29
и станаа, и Го истераа од градот, и Го одведоа до стрмнината, на која беше соѕидан нивниот град, за да Го фрлат долу.
30
Но Тој помина меѓу нив и си отиде.
31
И слезе во Капернаум, град во Галилеја. И ги поучуваше во сабота.
32
И и се восхитуваа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно.
33
А во синагогата имаше човек опфатен од дух на нечист бес; тој извика со силен глас:
34
”Ех, што имаме ние со Тебе - Исусе Назареецу? Дали дојде да нè упропастиш? Знам, Кој си Ти: Божји Светец.”
35
А Исус го прекоруваше, велејќи: „Молкни и излези од него!” Тогаш бесот го кутна на средина и излезе од него, и ништо не му напакости.
36
И сите се исплашија и си велеа еден на друг: „Какво е тоа слово, да со власт и со сила им заповеда на нечистите духови и излегуваат?”
37
И се разнесе глас за Него по сите околни места.
38
И стана од синагогата, влезе во Симоновиот дом. А Симоновата тешта беше опфатена од силна треска и Го помолија за неа.
39
И се наведна кон неа, и запрети на треската, и таа ја остави, и стана веднаш и им служеше.
40
А кога сонцето зајде, сите, кои имаа болни од разни болести ги доведоа при Него. А Тој ги положи рацете на секого од нив и ги исцели.
41
И лоши духови излегуваа од мнозина и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син.” А Тој ги прекори и не им дозволуваше да зборуваат, зашто знаеја дека Тој е Христос.
42
А кога се раздени, Тој излезе и отиде на пусто место, а народот Го бараше и дојдоа до Него, и сакаа да Го задржат, за да не си отиде од нив.
43
А Тој им рече: „И на другите градови треба да им го проповедам Евангелието за Божјото Царство, зашто Сум испратен за тоа.”
44
И проповедаше по синагогите во земјата Јудејска.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24