bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Luke 19
Luke 19
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 20 →
1
И кога влезе во Ерихон, минуваше низ градот.
2
И ете, некој човек, по име Закхеј, кој беше началник на цариниците и богат,
3
сакаше да Го види Исуса, Кој е, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст.
4
И истрча напред, се качи на дива смоква за да Го види, зашто требаше да мине покрај неа.
5
И кога Исус дојде на тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закхеј, слези бргу, денес треба да бидам во твојот дом!”
6
И слезе веднаш и Го прими на гости со радост.
7
А сите, кои го видоа тоа, почнаа да негодуваат и да зборуваат: „Дојде во куќа на грешен човек, да почине!”
8
Закхеј стана и Му рече на Господа: „Еве, Господи, половината од својот имот ќе ја дадам на сиромасите; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, ќе вратам четворно.”
9
А Исус му рече: „Денес му дојде спасението на овој дом, зашто и тој е Авраамов син.
10
Зашто Човечкиот Син дојде да го бара и да го спаси изгубеното.”
11
И кога тие го слушаа тоа, им кажа една парабола, зашто беа близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјото Царство ќе се појави веднаш.
12
И рече: „Некој благородник замина во далечна земја, за да прими царство за себе и да се врати.
13
Откако ги повика своите десет слуги, им даде десет сребреници и им рече: „Тргувајте додека се вратам!”
14
Но неговите граѓани го мразеа и испратија по него пратеници да кажат: „Нејќеме тој да царува над нас.”
15
А кога се врати, по примањето на царството - заповеда да му ги повикаат оние слуги, на кои им беше дал сребро, за да види кој колку спечалил.
16
Така, првиот дојде и рече: ‘Господару, твојот сребреник донесе десет сребреници.’
17
И му рече: ‘Убаво, добар слуго, зашто беше верен во нешто сосем мало, имај власт над десет градови.’
18
Дојде и друг и рече: ‘Господару, еве го твојот сребреник, донесе пет сребреници.’
19
Му рече и на овој: ‘И ти биди над пет градови!’
20
Дојде и друг и рече: ‘Господару, еве го твојот сребреник, што го чував во крпче,
21
зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш што не си оставил и жнееш што не си посеал!’
22
Му рече: ‘Зол слуго, ќе ти судам според твоите зборови. Знаеше дека сум строг човек, дека земам што не сум оставил и дека жнеам што не сум посеал;
23
зашто тогаш не ги вложи моите сребреници при трговците, и јас по доаѓањето ќе ги примев со добивка?’
24
А на оние, кои беа присутни им рече: ‘Одземете му го сребреникот и дајте му го на оној, кој има десет!’
25
Тогаш му рекоа: ‘Господаре, тој има десет!’
26
Ви велам, дека ќе му се даде на секој, кој има; а на оној, кој нема ќе му се одземе и она што има.
27
А оние мои непријатели, кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и исечете ги пред мене!”
28
А кога го рече тоа, тргна натаму, одејќи горе во Ерусалим.
29
И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до гората наречена Маслинова, испрати два ученика
30
и им рече: „Одете во селоно, што е спроти вас! И кога ќе влезете во него, ќе најдете врзано осле, на кое никој од луѓето никогаш не седнал; и одврзете го и доведете го.
31
И ако некој ве праша: ‘Зошто го одврзавте?’ - речете му вака: ‘На Господа Му е потребно.’
32
А испратените отидоа и најдоа како што им рече;
33
и кога го одврзуваа ослето, неговите стопани им рекоа: „Зошто го одврзувате ослето?”
34
А тие рекоа: „На Господа Му е потребно!”
35
И го доведоа пред Исуса и ги ставија врз ослето своите облеки, и Го кренаа Исуса.
36
А кога одеше, ги постилаа своите облеки по патот.
37
И кога веќе наближуваше до стрмнината на Маслиновата Гора, целото множество ученици почна радосно и гласно да Го прославува Бога, за сите чудеса што ги видоа,
38
велејќи: „Благословен е Царот, Кој доаѓа во Господово име! Мир на небото и слава на висините!”
39
А некои од фарисеите, меѓу народот, Му рекоа: „Учителе, забрани им на Твоите ученици!”
40
Тој одговори: „Ви велам, ако овие замолчат, камењата ќе викаат.”
41
А кога се приближи и го виде градот, заплака за него и
42
рече: „Кога и ти би узнал, дури барем во овој твој ден, што е за твојот мир! Но сега е сокриено од твоите очи.
43
Зашто ќе дојдат денови за тебе, кога твоите непријатели ќе те опкружат со опкопи, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни.
44
И ќе те срамнат со земјата тебе, и твоите деца во тебе; и не ќе остане, во тебе, ни камен на камен, зашто не го позна времето кога беше посетен!”
45
И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува продавачите,
46
велејќи им: „Напишано е: ‘Мојот Дом да биде Дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.’
47
И поучуваше секој ден во Храмот. А свештеничките главатари, книжниците и народните првенци гледаа да Го погубат.
48
Но не најдоа што да сторат, зашто сиот народ Го слушаше неотстапно.
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24