bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Luke 9
Luke 9
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 10 →
1
И ги повика Дванаесетмината и им даде сила и власт, над сите нечисти духови и да лекуваат болни.
2
И ги испрати да го проповедаат Божјото Царство и да исцелуваат болни.
3
И им рече: „Не земајте ништо за пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни сребреници! Ниту да имате по две облеки.
4
И во која куќа и да влезете, останете и оттаму тргнувајте.
5
И ако некои не ве примат, излезете од нивниот град, истресете го правот од своите нозе, за сведоштво против нив!”
6
Тогаш отидоа и одеа по селата, проповедувајќи го Евангелието и исцелувајќи насекаде.
7
А четворовласникот Ирод чу за сè што се случува и беше во голема неприлика, зашто некои зборуваа дека Јован воскреснал од мртвите;
8
други дека се појавил Илија; трети пак дека станал еден од старите пророци.
9
Ирод рече: „На Јована јас му ја отсеков главата, но Кој е Овој за Кого слушам такви работи?” И бараше да Го види.
10
А кога се вратија апостолите, Му раскажаа сè што направиле. И ги зеде со Себеси и се повлече насамо, спроти градот наречен Витсаида.
11
Но штом народот разбра за тоа, тргна по Него. И Тој ги прими и им зборуваше за Божјото Царство и ги оздравуваше оние, кои имаа потреба од исцелување.
12
А кога денот почна да превалува, Дванаесетте Му пристапија и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди во околните села и селца, за да најде преноќиште и јадење, зашто сме тука во пусто место!”
13
Тој пак им рече: „Дајте им вие да јадат!” А тие рекоа: „Немаме повеќе од пет леба и две риби; освен ние да отидеме и да купиме храна за сиот овој народ!”
14
Зашто беа околу пет илјади мажи. И им рече на Своите ученици: „Седнете ги во купчиња по педесет!”
15
И така направија и ги седнаа сите.
16
Тој ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото; ги благослови и ги раскрши и им даваше на учениците, за да ги стават пред народот.
17
И сите јадеа и се наситија, и го кренаа тоа што остана од парчињата - дванаесет кошници.
18
И кога еднаш се молеше сам, а учениците беа со Него, ги праша: „Што вели народот, Кој Сум Јас?”
19
Тие пак одговорија: „Едни велат - Јован Крстител, други - Илија, а трети - дека воскреснал некој од старите пророци.”
20
Тогаш им рече: „А вие што велите, Кој Сум Јас?” Петар во одговор рече: „Христос Божји!”
21
А Тој строго им заповеда, никому да не го кажуваат тоа;
22
велејќи дека Човечкиот Син треба да пострада многу; да биде отфрлен од старешините, свештеничките главатари и книжниците; да биде убиен и да воскресне на третиот ден.
23
И на сите им зборуваше: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себеси и нека го земе својот крст секој ден, и нека Ме следи!
24
Зашто, кој сака да ја спаси својата душа - ќе ја изгуби; а кој ја изгуби својата душа заради Мене, тој ќе ја спаси.
25
Зашто, каква полза има човекот ако го добие целиот свет, а самиот себе се изгуби или се упропасти?
26
Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во Својата слава, и во славата на Таткото и на светите ангели.
27
И вистина ви велам, има некои меѓу овие, што стојат тука, кои нема да ја вкусат смртта, додека не го видат Божјото Царство.”
28
И на околу осум дена по овие зборови, ги зеде со себе Петра, Јована и Јакова и се искачи на гората да се моли.
29
И додека се молеше Неговото лице се измени, а облеката Му стана бела и сјајна.
30
И ете, два човека разговараа со Него; тоа беа Мојсеј и Илија,
31
кои се јавија во слава и говореа за Неговиот излез, што требаше да го заврши во Ерусалим.
32
А сонот ги совлада Петра и неговите другари. А кога се разбудија, ја видоа Неговата слава и двајцата мажи, кои стоеја со Него.
33
И кога тие се разделуваа од Него - Петар Му рече на Исуса: „Учителе, добро е да сме тука; ќе направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј, еден за Илија” - не знаејќи што зборува.
34
И додека тој уште го зборуваше тоа, дојде облак и ги засени и се исплашија, кога влегоа во облакот.
35
А од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот Син, Мојот Избраник! Слушајте Го Него!”
36
Кога гласот екна, Исус се најде Сам. Тие пак молчеа и никому ништо не кажуваа во тие дни, за она што видоа.
37
А на другиот ден, кога слегуваа од гората големо мноштво Го пресретна.
38
И ете, еден човек од народот извика: „Учителе, Те молам, погледни на мојот син, зашто ми е единец!
39
Ете, духот го фаќа и тој вика одеднаш, и го растргува така, што фрла пена и сотрувајќи го, одвај си оди од него.
40
И ги помолив Твоите ученици, за да го истераат, но не можеа.”
41
Исус пак одговори и рече: „О, роде неверен и расипан, до кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го твојот син тука!”
42
И додека му приоѓаше бесот го фрли на земја и почна да го крши; но Исус го прекори на нечистиот дух и го оздрави детето и му го предаде на татко му.
43
И сите се чудеа на Божјото величие. И додека сите се восхитуваа на сè она што направи, Тој им рече на Своите ученици:
44
”Сложете ги овие зборови во своите уши: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце!”
45
Но тие не го разбраа тој збор, зашто беше сокриен од нив, за да не го разберат, а се плашеа да го прашаат за овој збор.
46
И им дојде мисла - кој од нив ќе биде поголем?
47
А Исус, знаејќи ја мислата на нивните срца, зеде едно дете и го постави покрај Себеси,
48
и им рече: „Кој го прима ова дете, во Мое име - Мене Ме прима. А кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил; зашто, кој е најмал меѓу сите вас, тој е голем.”
49
А Јован проговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој истерува нечисти духови во Твое име, и му забранивме, зашто не оди со нас.”
50
Исус пак му рече: „Не бранете му - зашто, кој не е против вас - за вас е.”
51
А кога дојде време да се вознесе, Тој го насочи Своето лице да патува за Ерусалим;
52
и испрати гласници пред Своето лице. Тие отидоа и дојдоа во едно самарјанско село - да приготват место за Него.
53
Но не Го примија, зашто лицето Му беше кон Ерусалим.
54
Кога го видоа тоа учениците, Јаков и Јован рекоа: „Господи, сакаш ли да заповедаме да слезе оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?”
55
А Тој се заврте и ги укори, велејќи: „Вие не знаете од каков дух сте;
56
зашто Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси.” И отидоа во друго село.
57
И додека одеа по патот, еден му рече: „Ќе Те следам каде и да одиш.”
58
Исус пак му рече: „Лисиците имаат легла и небесните птици - гнезда, а Човечкиот Син нема каде да ја потпре главата.”
59
А на друг му рече: „Врви по Мене!” Но тој рече: „Господи, дозволи ми најнапред да одам и да го погребам татка си.”
60
Му рече: „Остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци. А ти оди и проповедај го Божјото Царство!”
61
Рече и друг: „Јас ќе Те следам, Господи, но дозволи ми прво да се простам со своите домашни!”
62
Исус пак му рече: „Никој, кој ја ставил својата рака на ралото, а погледнува назад, не е достоен за Божјото Царство.”
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24