bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
/
Luke 20
Luke 20
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 21 →
1
И еден ден, кога го поучуваше народот во Храмот и го проповедаше Евангелието, пристапија свештеничките главатари и книжниците, со старешините,
2
и Му рекоа: „Кажи ни со каква власт го правиш тоа? Или, Кој е тој, што Ти ја даде таа власт?”
3
А Тој во одговор им рече: „И Јас ќе ви поставам едно прашање и кажете ми:
4
Јовановото крштавање од небото ли беше, или од луѓето?”
5
А тие размислуваа меѓу себе, велејќи: „Ако речеме: ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто тогаш не му верувавте?’
6
Ако речеме - ‘од луѓето’ - сиот народ ќе не убие со камења, зашто е уверен дека Јован е пророк.”
7
И одговорија дека не знаат од каде е.
8
А Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го вршам ова.”
9
И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Некој човек насади лозје, и го даде под наем на земјоделци, и си отиде на подолго време.
10
А кога дојде време, испрати свој слуга при земјоделците, за да му дадат од плодовите на лозјето. Земјоделците го натепаа и го испратија назад празен.
11
И пак испрати друг слуга, а тие го натепаа и него, го засрамија и го испратија празен.
12
Испрати и трет, а тие и него го ранија и го исфрлија.
13
Тогаш господарот на лозјето рече: „Што да правам? Ќе го испратам својот возљубен син. Можеби од него ќе се засрамат.
14
А кога земјоделците го видоа, почнаа да размислуваат меѓу себе: „Овој е наследникот! Да го убиеме, за да биде наследството наше!”
15
И го исфрлија надвор од лозјето и го убија. И така, што ќе им направи господарот на лозјето?
16
Ќе дојде и ќе ги погуби земјоделците, а лозјето ќе им го даде на други.” А кога тие го чуја тоа, рекоа: „Да не биде!”
17
А Тој ги погледна и рече: „Тогаш, што значи ова што е напишано: „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот?
18
Секој, кој ќе падне врз овој камен, ќе се разбие, а врз кого ќе падне тој, ќе го сотре.”
19
И во истиот час книжниците и свештеничките главатари гледаа да стават рака врз Него, но се плашеа од народот. Имено разбраа дека за нив ја раскажа оваа парабола.
20
И набљудувајќи Го Му испратија луѓе, кои се правеа праведни, за да Го фатат во некој збор и да им го предадат на началството и на власта на управителот.
21
И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш; и не гледаш кој е кој, туку според вистината поучуваш по Божјиот пат.
22
Дали е дозволено да даваме данок на ќесарот или не?”
23
Тој пак го разбра нивното лукавство и рече:
24
”Покажете ми денариј! Чиј образ и натпис има?” Тие рекоа: „Ќесарев!”
25
А Тој им рече: „Тогаш, дајте му го ќесаровото на ќесара, а Божјото на Бога!”
26
И не можеа да Го фатат во збор пред народот; и замолкнаа зачудени од Неговиот одговор.
27
Тогаш се приближија некои од садукеите, кои тврдат дека нема воскресение, и Го прашаа, велејќи:
28
”Учителе, Мојсеј ни напиша: „Ако некому му умре оженет брат, а е без деца, брат му нека ја земе жената и му подигне потомство на брата си.”
29
Беа седуммина браќа. Првиот се ожени и умре без деца;
30
и вториот,
31
и третиот ја зеде, и така сите седуммина. И умреа и не оставија деца.
32
Најпосле умре и жената.
33
И така: при воскресението, кому од нив ќе му припадне жената како жена, зашто сите седуммина ја имале за жена?”
34
А Исус им одговори: „Децата на овој век се женат и мажат,
35
а кои ќе се удостојат да го добијат оној век и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат.
36
Тие не ќе можат веќе ни да умрат, зашто се како ангелите; и Божји синови се, зашто се синови на воскресението.
37
А дека мртвите стануваат, тоа и Мојсеј го кажа на местото при капината, каде Го нарече Господа: „Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.”
38
А Бог не е на мртвите, туку на живите; зашто во Него сите се живи.”
39
А некои од книжниците во одговор рекоа: „Учителе, добро рече!”
40
И не се осмелија веќе да Го прашаат за нешто.
41
Тогаш им рече: „Како велат дека Христос е Давидов Син?
42
Зашто самиот Давид вели во свитокот на псалмите: „Му рече Господ на мојот Господ: ‘Седи оддесно Мене,
43
додека ги положам Твоите непријатели, за подножје на Твоите нозе!’
44
И така, Давид Го наречува Господ; како Му е тогаш Син?”
45
И додека целиот народ Го слушаше, Тој им рече на Своите ученици:
46
”Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат во долги облеки, на кои им се мили: поздравите на јавни места; првите места во синагогите и челните места на гозбите!
47
Кои ги изедуваат домовите на вдовиците, и лажно се молат долго. Тие ќе добијат поголема пресуда!”
← Chapter 19
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 21 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24