bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Matthew 12
Matthew 12
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
1
Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивите, а учениците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат.
2
Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, учениците Твои го прават она што не треба да се прави во сабота!“
3
А Тој им рече: „Не сте ли читале што направи Давид, кога огладне тој и оние што беа со него?
4
Како влезе во домот Божји, ги изеде лебовите од жртвеникот, што не требаше да ги јаде ни тој, ниту оние што беа со него, туку само свештениците.
5
Или, не сте ли читале во Законот дека во саботен ден свештениците ја нарушуваат саботата и пак не се виновни?
6
Но Јас ви велам дека тука е Оној Кој е поголем од храмот;
7
и, ако знаевте што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините;
8
Зашто Синот Човечки е господар и на саботата.“
9
И штом замина оттаму, дојде во синагогата нивна.
10
И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обвинат, Го прашаа Исус: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“
11
А Тој им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во саботен ден во јама, што не ќе ја прифати и извади?
12
А колку ли, пак, човекот е поскап од една овца!? И така во сабота е допуштено да се прави добро.“
13
Тогаш му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ И тој ја испружи. И таа стана здрава како и другата.
14
А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус кога разбра, се оддалечи оттаму.
15
И тргна по него многу народ и Тој ги исцели сите.
16
И им забрани да разгласуваат за Него.
17
За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели:
18
„Ете Го слугата Мој; Него Го избрав, Мојот возљубен, што го благоволи Мојата душа. Ќе го положам Духот Свој над Него и на народите ќе им објави правда.
19
Нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов по крстопатите.
20
Трските прекршени нема да ги докрши, ниту запалените светила ќе ги угасне, додека не го доведе судот до победа.
21
И во Неговото име народите ќе ја положат својата надеж.“
22
Тогаш доведоа кај Него еден бесомачен од зол дух, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори.
23
И сиот народ се чудеше и велеше: „Да не е Овој Христос, синот Давидов?“
24
А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Тој не ги истерува демоните на друг начин освен преку Велзевул, началникот на демоните!“
25
Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели, запустува; и секој град или дом, ако се раздели на противни групи, ќе пропадне.
26
И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како може да се запази царството негово?
27
И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, синовите ваши, преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии.
28
Ако, пак, Јас истерувам демони со Духот Божји, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо.
29
Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па дури тогаш да му ја ограби куќата?
30
Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура.
31
Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето.
32
И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ни на овој, ни на оној свет.“
33
„Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар; а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото.
34
Змиски рожби! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зашто устата го зборува она што излегува од преполнетото срце.
35
Добриот човек од доброто сокровиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште — лошо.
36
И ви велам дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден;
37
зашто по зборовите свои ќе бидеш оправдан, и по зборовите свои ќе бидеш суден.“
38
Тогаш некои од книжниците и фарисеите одговорија и рекоа: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе!“
39
А Тој им одговори и рече: „Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона;
40
зашто, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.
41
Ниневјаните ќе излезат на суд со овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука има поголем од Јона.
42
И царицата јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто таа дојде од крај земја за да ја чуе мудроста на Соломон, но ете, тука е многу поголем од Соломон.“
43
„Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа;
44
тогаш ќе рече: ‚Да се вратам во мојот дом, откаде што излегов.‘ И штом дојде го наоѓа празен, изметен и уреден.
45
Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со овој пакосен род.“
46
Додека му зборуваше на народот, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него.
47
Некој Му кажа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“
48
Тој му одговори на оној што Му зборуваше и рече: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“
49
И покажувајќи со рака на учениците Свои рече: „Еве ја Мојата мајка и еве ги Моите браќа!
50
Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот небесен Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28