bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Matthew 15
Matthew 15
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 16 →
1
Тогаш пристапија кон Исус ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи:
2
„Зошто учениците Твои не го запазуваат преданието на старите? Зошто не си ги мијат рацете кога јадат леб?“
3
А Тој им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?
4
Зашто Бог заповедал и рекол: ‚Почитувај ги татко си и мајка си‘, и ‚кој говори лошо против таткото свој или мајка си, со смрт да се казни‘.
5
А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, е ветено за Господ‘,
6
тогаш тој може да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание!
7
Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи:
8
‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене;
9
но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘“
10
И како ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете!
11
Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.“
12
Тогаш Неговите ученици Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“
13
А Тој, одговарајќи им, рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне;
14
оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, обата ќе паднат во јама.“
15
Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“
16
А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате?
17
Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрлува надвор?
18
А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа го осквернува човекот;
19
зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули;
20
тоа го осквернува човекот. А јадењето со неизмиени раце не го осквернува човекот.“
21
И кога излезе оттаму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска.
22
И ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“
23
Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“
24
А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на домот израелски.“
25
Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“
26
Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“
27
Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“
28
Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!“ И во тој час оздраве ќерката нејзина.
29
Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму.
30
И дојде кај Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, фатени и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги исцели,
31
така што народот се восхитуваше гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израелов.
32
А Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по патот.“
33
Но учениците Негови Му рекоа: „Каде ќе земеме толку леб во пустинава за да нахраниме толку народ?“
34
Исус ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум и неколку риби.“
35
Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата.
36
И земајќи ги седумте лебови и рибите, благодари, ги прекрши и им ги даде на учениците Свои, а учениците — на народот.
37
И јадеа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња: седум полни кошници.
38
А оние што јадеа беа четири илјади мажи, покрај жените и децата.
39
Па, штом го распушти народот, влезе во кораб и пристигна во Магдалските предели.
← Chapter 14
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 16 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28