bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Matthew 14
Matthew 14
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
1
Во тоа време гласот за Исус дојде и до Ирод четворовласникот,
2
кој им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат чуда преку него!“
3
Зашто Ирод, кога го фати Јован, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на брат му Филип;
4
бидејќи Јован му велеше: „Не доликува да биде твоја!“
5
И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк.
6
А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод;
7
затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара.
8
И таа, подучена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јован Крстител!“
9
И се загрижи царот; но, заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат.
10
Па прати, та ја отсекоа главата на Јован во затворот.
11
И ја донесоа главата негова на чинија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си.
12
Учениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и му јавија на Исус.
13
Штом го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб во пусто место, Сам; а народот, штом дозна за тоа, тргна по Него пеш од градовите.
14
И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни.
15
А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Местово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“
16
Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“
17
А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет леба и две риби.“
18
Тој им рече: „Донесете Ми ги тука!“
19
И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците — на народот.
20
И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.
21
А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, покрај жените и децата.
22
И веднаш ги повика Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот.
23
Па штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.
24
А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот дуваше спротивно.
25
Но на четвртата стража преку ноќта, дојде Исус кај нив, одејќи по морето.
26
А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа.
27
Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“
28
А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“
29
И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди кај Исус;
30
но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и извика: „Господи, спаси ме!“
31
Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“
32
И кога влегоа во коработ, ветрот престана.
33
А оние што беа во коработ Му пристапија, Му се поклонија и рекоа: „Навистина, Ти си Синот Божји!“
34
Па откако преминаа, дојдоа во земјата генисаретска.
35
Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и ги донесоа кај Него сите болни.
36
И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, се излекуваа.
← Chapter 13
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 15 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28