bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Matthew 25
Matthew 25
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 24
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 26 →
1
„Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот.
2
Петте од нив беа мудри, а петте неразумни.
3
Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло;
4
а мудрите, заедно со светилките, зедоа во садовите свои и масло;
5
и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.
6
А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пречекате!‘
7
Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки.
8
Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘
9
Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: подобро одете кај продавачите и купете си!‘
10
А кога тие отидоа да купат, пристигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.
11
Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘
12
А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘
13
И така, бидете будни, зашто не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“
14
„Зашто, Тој ќе постапи како човекот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;
15
и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина.
16
Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;
17
и исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два;
18
а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри парите на својот господар.
19
По долго време дојде господарот на тие слуги и побара да му поднесат сметка.
20
И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил уште пет.‘
21
Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!‘
22
Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, ете, со нив спечалив уште два.‘
23
Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!‘
24
Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си веел,
25
па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘
26
А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел,
27
требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка;
28
земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти;
29
зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има;
30
а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“ (Откако го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе.“)
31
„А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,
32
и ќе се соберат пред Него сите народи, па ќе ги оддели едни од други, како што ги одделува овците од козите;
33
и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.
34
Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ‚Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот;
35
зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте;
36
необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘
37
Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?
38
Кога те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме?
39
Кога Те видовме болен, или во затвор и Те посетивме?‘
40
А Царот ќе им одговори и ќе рече: ‚Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле.‘
41
Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‚Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!
42
Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте;
43
странец бев и не Ме прибравте; необлечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘
44
Тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор — не Ти послуживме?‘
45
Тогаш ќе им одговори и рече: ‚Доколку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали браќа ни за Мене не сте го направиле.‘
46
И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците — во живот вечен.“
← Chapter 24
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 26 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28