bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Matthew 23
Matthew 23
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 24 →
1
Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои,
2
говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите.
3
Затоа, сѐ што ќе ви кажат пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, зашто тие говорат, но не извршуваат;
4
врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат.
5
И сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги прошируваат своите записи и ги продолжуваат ресите на својата облека;
6
сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите,
7
и поздрави по улиците, и да ги викаат луѓето ‚Рави!‘
8
А вие немојте да се нарекувате ‚Рави‘, зашто еден е вашиот Учител — Христос, а вие сте сите браќа.
9
И никого на земјата не викајте го свој Татко, зашто еден е вашиот Татко — Оној Небесниот;
10
и водачи немојте да се именувате, зашто еден е вашиот Водач — Христос.
11
Но, најголемиот меѓу вас да ви биде слуга;
12
зашто, кој се воздигнува, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“
13
„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; зашто, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат.
14
(Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.)
15
Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден следбеник, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас.
16
Тешко вам, водачи слепи, кои велите: ‚Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во злато на храмот, виновен е.‘
17
Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или храмот кој го осветува златото?
18
Исто така велите: ‚Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘
19
Безумни и слепи! Што е посвето: дарот или жртвеникот што го осветува дарот?
20
А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него;
21
и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него;
22
и кој ќе се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него.
23
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто давате десеток од нане, копра и ким, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.
24
Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате!
25
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со грабеж и алчност.
26
Слеп фарисеју, очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.
27
Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија.
28
Така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.“
29
„Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведните,
30
па велите: ‚Да живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците.‘
31
А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние што ги убиле пророците.
32
Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши!
33
Змии и рожби аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?
34
Затоа, ете, Јас праќам кај вас пророци и мудреци и книжници; едни ќе убиете и распнете, а други ќе тепате по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град;
35
за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот.
36
Вистина, ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род!“
37
„Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените кај тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како квачката што ги собира пилињата свои под крилјата, а вие не сакавте.
38
Ете, ви се остава пуст вашиот дом.
39
Зашто ви велам: нема да Ме видите од сега додека не кажете: ‚Благословен е Оној, Кој иде во името Господово!‘“
← Chapter 22
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 24 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28