bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Matthew 13
Matthew 13
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
1
Излегувајќи тој ден од куќата, Исус седна покрај морето.
2
И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот.
3
И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее;
4
и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа.
5
Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше длабока.
6
Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија.
7
Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.
8
Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.
9
Кој има уши да слуша, нека чуе.“
10
И кога се приближија до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во парабола?“
11
А Тој им одговори и рече: „Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
12
Кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има.
13
Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат;
14
и над нив се исполнува пророштвото на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;
15
срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не можат никогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘
16
Вашите, пак, очи се блажени, бидејќи гледаат и ушите ваши — бидејќи слушаат;
17
зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“
18
„Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот.
19
Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граба посеаното во срцето негово; ете, тоа означува посеаното покрај патот.
20
А посеаното на камен е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21
но нема во себе корен и е непостојан: дојдат ли неволји или гонење заради словото, веднаш отстапува.
22
Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.
23
А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“
24
И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива.
25
Но, додека спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеја меѓу житото какол, па си отиде.
26
А кога израсна растението и донесе плод, тогаш се појави и каколот.
27
И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: ‚Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа?‘
28
А тој им рече: ‚Непријателот го направи тоа!‘ Слугите, пак, му рекоа: ‚Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?‘
29
Но тој им рече: ‚Не, да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито;
30
оставете нека расте и едното и другото, до жетвата; а по жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да се изгори; а, житото приберете го во мојата житница.‘“
31
И друга парабола им кажа, кога рече: „Царството небесно прилега на синапово зрно, кое човек го зел и го посеал на нивата своја.
32
Тоа е најмало од сите семиња, но кога ќе израсне, поголемо е од сите грмушки, па станува дури и дрво, така што птиците небески долетуваат и застануваат на неговите гранки.“
33
И друга парабола им кажа: „Царството небесно прилега на квасец, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.“
34
Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо;
35
за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: „Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“
36
Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците се приближија до Него и Му рекоа: „Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!“
37
А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.
38
Нивата е овој свет; доброто семе — тоа се синовите на царството, а каколот — синовите на лукавиот.
39
Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите.
40
И така, како што се собира плевата и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет.
41
Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите причинители на гревот од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела,
42
и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе има плач и крцкање со заби.
43
Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
44
„Царството небесно прилега уште и на богатство сокриено во нива, кое го нашол човек и прикрил, па, од радост за него, отишол и продал сѐ што имал, и ја купил таа нива.“
45
„Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46
па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“
47
„Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби;
48
и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите риби ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат.
49
Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните,
50
и ќе ги фрлат во вжарена печка: таму ќе има плач и крцкање со заби.“
51
И ги праша Исус: „Дали го разбравте сето ова?“ Тие Му одговорија: „Да, Господи!“
52
А Тој им рече: „Затоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од своето сокровиште ново и старо.“
53
И, откако ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму.
54
А штом дојде во Својот роден крај, го поучуваше народот во синагогите нивни. И сите се чудеа и велеа: „Од каде кај Него ваква мудрост и моќ?
55
Нели е Овој син на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, и браќата Негови — Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
56
И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Него?“
57
И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.“
58
И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 14 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Recommended Reading
Commentary
Matthew Commentaries
→
Devotional
Matthew Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија (66 книги)) Study Bible
→