bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Matthew 26
Matthew 26
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 27 →
1
И кога ги заврши Исус овие зборови, им рече на учениците Свои:
2
„Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распнување.“
3
Тогаш првосвештениците, книжниците и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа,
4
и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат;
5
но рекоа: „Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот.“
6
А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот,
7
се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцен мирис и го изли врз главата Негова, кога Тој седеше на трпезата.
8
И кога го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање?
9
Зашто тој мирис можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.“
10
Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене!
11
Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш;
12
таа, излевајќи го тој мирис врз телото Мое, Ме приготви за погреб.
13
Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува тоа што го направи таа, за нејзин спомен.“
14
Тогаш еден од дванаесетте, по има Јуда Искариот, отиде кај првосвештениците
15
и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?“ А тие му предложија триесет сребреници.
16
И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.
17
А во првиот ден на празникот Бесквасници пристапија кон Исус учениците и Му рекоа: „Каде сакаш да ти приготвиме да јадеш Пасха?“
18
Тој им рече: „Одете в град кај тој и тој човек и кажете му: ‚Учителот вели: времето Ми наближи, кај тебе ќе ја прославам Пасхата со учениците Свои.‘“
19
Учениците постапија како што им заповеда Исус и ја приготвија Пасхата.
20
Кога се стемни, Тој седна на трпезата со дванаесетте.
21
И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“
22
Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“
23
А Тој им одговори и рече: „Оној што макна со Мене од чинијата, тој ќе Ме предаде.
24
Синот, пак, Човечки, вистина си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше родил.“
25
А Јуда, што Го предаде, одговори и рече: „Да не сум јас, Рави?“ Му одговори: „Ти рече.“
26
И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“
27
И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите;
28
зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите.
29
И вам ви велам, зашто отсега нема да пијам од овој лозов плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец.“
30
И откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Гора.
31
Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе Ме оставите уште оваа ноќ; зашто е напишано: ‚Ќе удрам по пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат.‘
32
А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“
33
Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат поради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.“
34
Исус му рече: „Вистина, ти велам: оваа ноќ уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“
35
Петар Му кажа: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се откажам од Тебе!“ Истото го говореа и сите ученици.
36
Потоа отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.“
37
И кога ги поведе со себе Петар и двајцата Заведееви синови, се натажи и почна да тагува.
38
Тогаш Исус им рече: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и бидете будни со Мене!“
39
Оддалечувајќи се малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; сепак, нека биде не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти.“
40
Па дојде кај учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петар: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни!?
41
Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.“
42
Повторно отиде и се помоли, говорејќи: „Оче Мој, ако не може да ме одмине оваа чаша без да ја пијам, тогаш нека биде волјата Твоја!“
43
Кога дојде, пак ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале.
44
Тогаш ги остави, отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите зборови.
45
Потоа пак дојде кај учениците Свои и им рече: „Сѐ уште спиете и почивате! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешниците.
46
Станете да одиме! Ете, се приближува оној што Ме предава.“
47
Додека Тој уште говореше, ете, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу луѓе со ножеви и колови, испратени од страна на првосвештениците и старешините народни.
48
А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Фатете Го Тој што ќе го бакнам!“
49
И веднаш се приближи до Исус и Му рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го бакна.
50
А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?“ Тогаш пристапија, положија раце на Исус и Го фатија.
51
И ете, еден од оние што беа до Исус, протегна рака и извади нож, па го удри слугата на првосвештеникот, и му го отсече увото.
52
Тогаш Исус му рече: „Врати го ножот во ножницата. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат;
53
или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?
54
Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?“
55
Потоа Исус му рече на народот: „Како на разбојник сте излегле со ножеви и колови за да Ме фатите. Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте.
56
Но сето тоа стана за да се исполнат пророчките писма.“ Тогаш сите ученици Го оставија и се разбегаа.
57
А оние што Го фатија Исус, Го одведоа кај првосвештеникот Кајафа, каде што беа собрани книжниците и старешините.
58
Петар, пак, одеше по Него оддалеку, до дворот на првосвештеникот; и влезе внатре, па седна со слугите за да го види крајот.
59
А првосвештениците и старешините, и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исус за да Го погубат
60
и не наоѓаа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца
61
и рекоа: „Овој кажа: ‚Можам да го урнам Божјиот храм и за три дни да го соѕидам.‘“
62
Тогаш стана првосвештеникот и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“
63
Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Синот Божји?“
64
Исус му одговори: „Ти рече! Ви велам отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.“
65
Тогаш првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење!
66
Како ви се чини?“ А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!“
67
Тогаш Го плукаа в лице и Го удираа по образите, а други Го тепаа
68
и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“
69
А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“
70
Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“
71
А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус од Назарет!“
72
Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“
73
Малку потоа се приближија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава!“
74
Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел.
75
И се сети Петар на Исусовите зборови што му ги рече: „Уште петел пред да запее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ Па излезе надвор и горко плачеше.
← Chapter 25
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 27 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28