bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Matthew 22
Matthew 22
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 23 →
1
И одговарајќи, Исус пак им говореше во параболи и рече:
2
„Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син.
3
И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат.
4
Потоа испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: ‚Ете, приготвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘
5
Но, тие не сакаа да знаат за тоа, туку си отидоа: кој на нива, кој по трговија;
6
а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмејаа и ги убија.
7
Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град.
8
Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
9
Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘
10
И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа — и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.
11
Кога влезе царот да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбени алишта.
12
Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?‘ А тој молчеше.
13
Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘
14
зашто, мнозина се повикани, а малкумина избрани.“
15
Тогаш фарисеите отидоа и се договорија како да Го фатат во некој збор.
16
И ги испраќаа кај Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој;
17
затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на царот или не?“
18
Но Исус го проѕре лукавството нивно и рече: „Што Ме искушувате, лицемери?
19
Покажете Ми една пара од данокот.“ Тие Му донесоа еден денариј.
20
И им рече: „Чиј е овој лик и потпис?“
21
Тие одговорија: „На царот.“ Тогаш им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“
22
И штом го чуја тоа, тие занемеа и, оставајќи Го, си отидоа.
23
Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, говорејќи:
24
„Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека му подигне потомство на својот брат!‘
25
Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си;
26
исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот;
27
а по сите нив умре и жената.
28
При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“
29
Исус им одговори: „Се лажете, зашто не ги познавате Писмата, ниту силата Божја;
30
зашто при воскреснувањето луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку ќе живеат како ангели Божји на небесата.
31
А за воскреснувањето на мртвите, не сте ли читале што ви рекол Бог, Кој вели:
32
‚Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.‘ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“
33
И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на Неговата наука.
34
Кога фарисеите слушнаа дека ги посрами садукеите, се здружија со нив.
35
И еден од нив, познавач на Законот, искушувајќи Го, запраша и рече:
36
„Учителе, која заповед е најголема во Законот?“
37
А Исус му одговори: „‚Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘
38
тоа е прва и најголема заповед;
39
а втората е слична на неа: ‚возљуби го својот ближен како себеси!‘
40
На тие две заповеди се држат целиот Закон и Пророците.“
41
И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша
42
и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „Давидов.“
43
Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи:
44
‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
45
И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш може Тој да Му е син?“
46
И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.
← Chapter 21
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 23 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28