bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Numbers 17
Numbers 17
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 18 →
1
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон, да ги собере кадилниците на изгорените и огнот да го исфрли, бидејќи тие се осветија,
3
кадилниците на овие грешници поради нивната смрт, да се сплескаат на листови за оковување на жртвеникот, зашто тие ги донесоа пред лицето Господово, и затоа се осветија; и тие ќе бидат опомена за синовите на Израел.“
4
Тогаш свештеникот Елеазар, ги зеде бакарните кадилници што ги беа донеле изгорените, и ги сплескаа на листови за оковување на жртвеникот,
5
за да помнат синовите израелски, па никој надворешен, кој не е од Ароновото семе, да не принесува темјан пред Господ, за да не стане и со него она што стана со Кореј и соучесниците негови, како што му беше рекол Господ преку Мојсеј.
6
На вториот ден целото општество на синовите израелски се побуни против Мојсеј и Арон и рече: „Вие го уништивте народот Господов.“
7
И кога се собра народот, за да ги нападне Мојсеј и Арон, тие се свртеа кон скинијата на собранието, и ете, ја покри облак и славата Господова се јави.
8
И се приближија Мојсеј и Арон кон скинијата на собранието.
9
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
10
„Отстранете се од тие луѓе и Јас во еден миг ќе ги погубам!“ Но тие паднаа на колена.
11
И му рече Мојсеј на Арон: „Земи ја кадилницата, стави во неа оган од жртвеникот, сипи темјан и носи го тоа што побрзо кај народот и помоли се за нив, зашто гнев излезе од лицето на Господ, и почна да ги погубува луѓето.“
12
И направи Арон, како што рече Мојсеј, и се најде кај народот, и ете веќе почна помор меѓу народот. И тој исипа темјан и се помоли за народот:
13
застана меѓу мртвите и живите, и поморот престана.
14
Изумреа од поморот четиринаесет илјади и седумстотини души, освен умрените по делото на Кореј.
15
Тогаш Арон се врати кај Мојсеј, при влезот од скинијата на собранието, откако престана поморот.
16
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
17
„Кажи им на синовите израелски и земи од нив по еден жезол од колено, по еден жезол од секој нивни кнез, дванаесет жезла, и името на секој напиши го на жезолот;
18
Ароновото име напиши го на Левиевиот жезол, зашто тие треба да дадат еден жезол, според племето на нивниот род,
19
и стави ги во скинијата на собранието, пред ковчегот на заветот, каде што ви се јавувам;
20
и кого Јас ќе го одберам, неговиот жезол ќе расцути; и така ќе го отстранам незадоволството на синовите израелски што го креваат против вас.“
21
И им рече Мојсеј на синовите на Израел, и сите началници нивни им дадоа, од секој началник по еден жезол, дванаесет жезла, според кнежествата свои и родовите нивни; и Ароновиот жезол беше меѓу жезлата нивни.
22
Тогаш Мојсеј ги постави жезлата пред лицето Господово во скинијата на собранието.
23
На вториот ден влезе Мојсеј во скинијата на собранието, и ете, Ароновиот жезол, од Левиевиот дом, беше напупил, расцветал и родил бадеми.
24
И ги изнесе Мојсеј сите жезла од лицето Господово пред сите синови на Израел; и тие го видоа тоа и секој си го зеде својот жезол.
25
И му рече Господ на Мојсеј: „Постави го пак Ароновиот жезол пред ковчегот на заветот да се чува, како опомена за непокорните, па ропотот против Мене да престане и тие да не умираат.“
26
И Мојсеј го направи тоа; како што му заповеда Господ, така направи.
27
И му рекоа синовите израелски на Мојсеј: „Ете, ние умираме, гинеме, сите ќе изумреме;
28
секој, кој се приближува кон скинијата Господова, умира: дали ќе изумреме така сите?“
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 18 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36