bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Numbers 2
Numbers 2
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 3 →
1
И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
2
„Синовите израелски треба да логоруваат секој кај своето знаме со ознаките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост.
3
Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наасон, синот на Аминадав.
4
Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници.
5
По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаровите потомци Натанаил, синот на Цуар,
6
чија сила е изброена на педесет и четири четиристотини војници.
7
Понатаму племето Завулоново, и началникот на потомците Завулонови Елијав, синот Хелонов;
8
бројот на неговата војска изнесува педесет и седум илјади и четиристотини војници.
9
Сите изброени во Јудиниот табор се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини војници; тие први да тргнат.
10
Кон југ да бидат распоредени Рувимовите легиони со војниците свои и началникот на потомците на Рувим Елицур, синот на Шедеур;
11
бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест илјади и петстотини.
12
До него да се настани племето Симеоново, и началникот на потомците на Симеон Шелумиел, синот на Цуришадај;
13
а неговите војници изброени беа педесет и девет илјади и триста.
14
Потоа да се настани племето Гадово, и началникот на потомците Гадови Елјасаф, синот на Рагуил;
15
неговата војска беше на број четириесет и пет илјади шестотини и педесет војници.
16
Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот табор изнесува сто педесет и една илјада четиристотини и педесет војници; тие втори да појдат.
17
Кога ќе се крене скинијата на собранието, таборот на левитите да биде во средината на другите табори. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место и кај своето знаме.
18
Откај запад да биде војската на Ефремовиот табор, и началникот на потомците Ефремови Елишама, синот Амиудов;
19
во неговата војска изброени беа четириесет илјади и петстотини војници.
20
До него да се смести племето Манасиево, и началникот на потомците Манасиеви Гамалиил, синот на Педацур.
21
Со неговата војска која брои триесет и две илјади и двесте војници.
22
Потоа да се смести племето Венијаминово, и началникот на потомците Венијаминови Авидан, синот Гидониев,
23
заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет илјади и четиристотини.
24
Сите изброени војници од Ефремовиот табор се сто осум илјади и сто; тие трети да поаѓаат.
25
Откај север да биде таборот на Дановата војска, и началникот на потомците Данови Ахиезер, синот на Амишадај;
26
неговата војска, според пребројувањето изнесува шеесет и две илјади и седумстотини војници.
27
А до него да се смести племето Асирово, и началникот на потомците Асирови Пагиил, синот Охранов,
28
заедно со неговите војници на број, четириесет и една илјада и петстотини.
29
Потаму племето Нефталимово, и началникот на потомците Нефталимови Ахира, синот Енанов,
30
и неговите педесет и три илјади и четиристотини војници.“
31
Сите, влезени во пребројувањето на Дановиот табор, се сто педесет и седум илјади и шестотини; тие последни да се креваат со знамињата свои.
32
Тоа се изброените синови израелски според фамилиите нивни. Сите изброени во таборите, според четите им, се шестотини и три илјади петстотини и педесет.
33
А левитите не се броени со другите синови на Израел, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
34
И направија синовите израелски сѐ што му беше заповедал Господ на Мојсеј; така се распоредуваа при знамињата свои, и така одеа секој според племето свое и според семејствата свои.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36