bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Numbers 36
Numbers 36
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
1
Дојдоа старешините на семејствата од родовите на синовите на Галаад, потомци на Махир, син Манасиев, од племињата на Јосифовиот народ, и говореа пред Мојсеј и пред кнезовите, старешини од родовите на синовите израелски,
2
па рекоа: „Господ му заповеда на господарот наш да им дадеме земја во дел на синовите израелски со ждрепка, и на господарот наш му е заповедано од Господ, делот на Салпаад, наш брат, да им го дадеме на ќерките негови;
3
ако, пак, тие се омажат за синови од некое друго израелско племе, тогаш нивниот дел ќе се одземе од делот на татковците наши и ќе се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени; и така ќе се одземе наследството нивно од делот, кој ни се падна со ждрепка нам;
4
а кога кај синовите на Израел ќе има јубилејна година, делот нивни ќе се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени — делот нивни ќе се одземе од делот на татковото ни племе.“
5
Тогаш Мојсеј им заповеда на синовите на Израел, според повелбата Господова, и рече: „Право говори племето на Јосифовите потомци:
6
еве, како заповеда Господ за Салпаадовите ќерки: тие можат да бидат жени на оние што ќе им се допаднат, но можат да се омажат само со човек од племето од татковиот им род,
7
за да не минува делот на синовите израелски од едно племе во друго — зашто секој од синовите на Израел треба да биде приврзан кон делот од племето на неговите предци;
8
и секоја ќерка, која наследува дел во племето на синовите израелски, треба да стане жена на некого од племето на татковиот си род, та секој од синовите на Израел да го наследува делот на своите предци;
9
и да не минува делот од едно племе во друго; туку секое израелско племе ќе остане приврзано кон делот од племето на неговите предци.“
10
Како што му заповеда Господ на Мојсеј, така и направија Салпаадовите ќерки.
11
Затоа Салпаадовите ќерки Махла, Тирца, Хогла, Милка и Ноа се омажија со синовите од своите стриковци;
12
тие се омажија во племето од потомците на Манасија, Јосифов син, и нивниот дел остана во племето на нивниот татко.
13
Тоа се заповедите што Господ им ги даде на синовите израелски преку Мојсеј во Рамнините Моавски, кај Јордан, спроти Ерихон.
← Chapter 35
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36