bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Numbers 24
Numbers 24
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 25 →
1
Валаам виде дека на Господ Му е пријатно да го благословува Израел и не го бараше, како порано, на Божјото откровение, туку само го сврте лицето кон пустината,
2
и погледна Валаам и го виде Израел, како се беше сместил со племињата свои, а Духот Божји беше на него.
3
И започнувајќи ја својата беседа, рече: „Говор на Валаам, синот Беоров, говор на тој што ја гледа вистината.
4
Пророштво на оној, кој ги слуша зборовите Божји; оној кој ги гледа виденијата на Семоќниот, оној кој паѓа во екстаза и очите му се отвораат.
5
Колку се убави домовите твои, Јакове, и живеалиштата твои, о Израеле!
6
Тие се распростираат како потоци, како градини крај река, како миризливи дрвја насадени од Господ, како кедри крај вода;
7
се излева водата од ведрата негови, семето негово обилно е натопено, неговиот цар е поголем од Агаг, царството негово се воздига.
8
Бог го изведе од Египет; брзината на еднорогот е во него, ги проголтува народите што се против него, ги крши коските нивни и со стрелите свои го поразува.
9
Легнал тој како лав и како леопард; кој ќе го разбуди? Благословен да биде, оној што те благословува и проклет — оној што те проколнува!“
10
Се разгневи Валак против Валаам, и плесна тој со рацете свои, па му рече на Валаам: „Јас те повикав да ги проколнеш непријателите мои, а ти ги благословуваш еве веќе по третпат;
11
бегај, пак, во земјата своја; јас сакав да ти искажам почит, но, ете, Господ те лишува од почестите.“
12
И му рече Валаам на Валак: „Нели им реков на твоите пратеници што ми ги испрати:
13
‚Да ми ја дадеше Валак и куќата своја, полна со сребро и злато, не би можел да ја прекршам заповедта Господова, за да направам нешто добро или лошо по своја волја: она што ќе ми рече Господ, тоа и ќе го кажувам?‘
14
И така, ете, јас си одам во своето место, но приближи се, за да ти кажам и да те посоветувам што ќе направи по извесно време овој народ со твојот народ.“
15
И го раскажа видението свое, велејќи: „Пророштво на Валаам, синот Беоров, пророштво на човекот со отворено око,
16
пророштво на оној кој ги слуша зборовите Божји, кој ги знае тајните на Севишниот, ги гледа виденијата на Семоќниот, паѓа во екстаза и очите му се отвораат.
17
Го гледам, но не е тоа сега, го посматрам, но не одблиску. Ѕвезда од Јаков се издига и жезол од Израел; тој ќе ги поразува кнезовите моавски и ќе ги ништи сите синови Ситови.
18
И Едом ќе стане негов посед, а Сеир — негово наследство; Израел ќе ја покаже силата своја.
19
Произлезениот од Јаков ќе завладее и ќе ги погуби преживеаните од градот.“
20
И погледна кон Амалик, и го кажа своето пророштво, велејќи: „Амалик е прв меѓу народите, но семето негово ќе се затре.“
21
И погледна кон Кениј, и пророкува, велејќи: „Силно е твоето живеалиште, на камен си го свил своето гнездо,
22
но тоа ќе биде изгорено, Асирците ќе те заробат.“
23
И пак го започна своето пророштво, и рече: „Тешко, тешко, кој ќе остане жив, кога Бог ќе го направи тоа.
24
Ќе дојдат бродови од брегот на Китим; ќе го потисне Ашур, ќе го потчини и Евер, но и него гибел го чека.“
25
И стана Валаам и се врати во местото свое, а исто така и Валак отиде по патот свој.
← Chapter 23
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 25 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36