bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Numbers 9
Numbers 9
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 10 →
1
И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина во првиот месец од втората година, откако беа излегле од египетската земја, велејќи:
2
„Нека направат синовите израелски Пасха во определеното за неа време:
3
на четиринаесеттиот ден од тој месец вечерта направете ја во определеното време за неа; според сите прописи пропишани и со сите обреди пропишани за неа направете ја!“
4
И им рече Мојсеј на синовите израелски да направат Пасха.
5
И направија Пасха во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот вечерта, во Синајската Пустина: како што му заповеда Господ на Мојсеј, така и постапија во сѐ синовите на Израел.
6
А имаше луѓе, кои беа нечисти од допир до мртви човечки тела, па не можеа да направат Пасха во оној ден; и дојдоа тие луѓе во оној ден кај Мојсеј и Арон,
7
и му рекоа на Мојсеј: „Ние сме нечисти од допир до мртви човечки тела; зошто не ни дозволуваат и ние да му принесеме принос на Господ во определеното време меѓу синовите израелски?“
8
И им рече Мојсеј: „Почекајте да чујам, како ќе заповеда Господ за вас.“
9
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
10
„Кажи им на синовите на Израел: ако некој од вас или од потомците ваши биде нечист поради допир до мртво тело, или биде на долг пат, и тој нека направи Пасха Господова.
11
Таквите нека ја направат во четиринаесеттиот ден од вториот месец вечерта и нека ја јадат со бесквасен леб и со горчливи тревки;
12
и да не оставаат од неа за утрешниот ден и коските нејзини да не се кршат; нека ја направат според сите прописи за Пасха.
13
А оној што е чист, а не бил на пат и не направи Пасха, — да се истреби таа душа од народот свој, зашто тој не Му принесол дар на Господ во определеното време: грев ќе прими врз себе тој човек.
14
Ако при вас живее придојден и тој треба да направи Пасха Господова; според наредбата за Пасха и според обредот за неа тој треба да ја направи; еден закон нека постои за вас — и за придојден, и за тукашен.“
15
Во оној ден кога беше поставена скинијата, облак ја покри скинијата на собранието, и од вечерта па до изутрина се гледаше нешто како оган над скинијата.
16
Така стануваше секогаш: облак ја покриваше дење и нешто како оган — ноќе.
17
И штом облакот ќе се кренеше од скинијата, синовите израелски тргнуваа на пат, и на местото, каде што облакот запираше, таму се сместуваа синовите израелски.
18
По заповед на Господ синовите на Израел тргнуваа на пат и по заповед на Господ застануваа: за сето време, додека облакот стоеше над скинијата, стоеја и тие;
19
и ако облакот долго време остануваше над скинијата, синовите израелски го набљудуваа тој Господов знак и не тргнуваа.
20
Понекогаш, пак, облакот малку време остануваше над скинијата: според знакот Господов тие се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат.
21
Понекогаш облакот стоеше само од вечерта до утрината, и наутро облакот се креваше, тогаш и тие тргнуваа; или облакот стоеше и дење и ноќе, и кога ќе се кренеше, тогаш и тие тргнуваа;
22
или ако два дена, или цел месец, или подолго време облакот остануваше над скинијата, тогаш и синовите израелски стоеја и не тргнуваа на пат; а кога ќе се издигнеше, тогаш тргнуваа.
23
На знакот Господов се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат; го следеа знакот Господов според заповедта на Господ, дадена преку Мојсеј.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36