bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Numbers 31
Numbers 31
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 30
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 32 →
1
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Одмазди им се на Мидјаните поради синовите на Израел, и потоа ќе се прибереш при народот свој.“
3
И му рече Мојсеј на народот, велејќи: „Вооружете меѓу вас луѓе за војна, за да тргнат против Мидјаните, да извршат одмазда Господова над нив;
4
испратете во војна по илјада од колено, од сите колена на синовите израелски.“
5
И од илјадниците израелски беа одделени по илјада од секое колено, вкупно дванаесет илјади вооружени за војна.
6
И ги испрати Мојсеј во војна, по илјада од секое колено, а со нив и Финес, синот на свештеникот Елеазар, со светите утвари и со труби за тревога в рака.
7
И отидоа во војна против Мидјаните, како што му заповеда Господ на Мојсеј, и ги убија сите од машки пол;
8
а заедно со убиените од нив ги убија и мидјанските цареви: Евиј, Рекем, Цур, Ор и Рева — пет мидјански цареви; го убија со меч и Валаам, Беоровиот син.
9
Мидјанските, пак, жени и децата нивни синовите израелски ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите стада нивни, и целиот имот нивни го заграбија;
10
сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги изгореа.
11
И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток.
12
И заробените, и пленот, и заграбеното го донесоа пред Мојсеј, пред свештеникот Елеазар и пред општеството на синовите израелски, во логорот на рамнините моавски, кај Јордан, спроти Ерихон.
13
Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеазар и сите кнезови на општеството излегоа надвор од населбата за да ги пречекаат.
14
И се разгневи Мојсеј на воените началници, илјадниците и стотниците што се беа вратиле од војната,
15
па им рече: „Ги оставивте живи сите жени?
16
Ете тие, по советот на Валаам, беа станале причина синовите израелски да отстапат и да ги презрат наредбите од Господ, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов.
17
А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени што познале маж на машко легло;
18
а сите деца од женски пол, кои не познале машко легло, оставете ги живи за себе.
19
И останете надвор од населбата седум дена; сите што убиле човек и што се допреле до убиен, да се очистат на третиот и на седмиот ден, вие и вашите заробеници;
20
очистете ја и сета облека, сите кожни предмети, сѐ што е направено од козина, и сите дрвени садови.“
21
Потоа им рече свештеникот Елеазар на борците што беа отишле во војна: „Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеј:
22
злато, сребро, бакар, железо, калај и олово,
23
и сѐ што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а сѐ што не минува низ оган, поминете го низ вода;
24
и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата.“
25
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
26
„Преброј го заграбеното, од човек до добиток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на општеството;
27
и раздели го ограбеното по половина, меѓу оние што војуваа што одеа во борба, и целото општество.
28
А од борците што беа во војна, земи данок за Господ, по една душа на петстотини, од луѓето и од говедата, и од магарињата, и од ситниот добиток;
29
земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господ.
30
А од половината, определена за синовите израелски, земи по едно на педесет: од луѓето, од крупниот добиток, од магарињата, и од ситниот добиток, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова.“
31
И направија Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
32
И пленот што остана од грабежот што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: ситен добиток — шестотини седумдесет и пет илјади,
33
крупен добиток — седумдесет и две илјади,
34
магариња — шеесет и една илјада,
35
луѓе — жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две илјади души.
36
Половината, делот на оние што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: ситен добиток — триста триесет и седум илјади и петстотини глави.
37
На Господ од ситниот добиток Му се дадоа шестотини седумдесет и пет глави;
38
крупен добиток — триесет и шест илјади, и од тоа дар за Господ — седумдесет и две глави;
39
магариња — триесет илјади и петстотини, а дел од нив за Господ — шеесет и една глава;
40
луѓе — шеснаесет илјади, и данок од нив за Господ беше триесет и две души.
41
И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господ, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
42
И од половината, определена за синовите израелски што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната,
43
а половината како дел на општеството беше: ситен добиток — триста триесет и седум илјади и петстотини,
44
крупен добиток — триесет и шест илјади глави;
45
магариња — триесет и пет илјади и петстотини глави;
46
луѓе — шеснаесет илјади души.
47
Од таа половина, определена за синовите израелски, Мојсеј зеде педесетти дел од луѓето и од добитокот и им го даде тоа на левитите што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ.
48
И дојдоа кај Мојсеј началниците над илјадите од војската — илјадниците и стотниците,
49
и му рекоа на Мојсеј: „Твоите слуги ги преброија борците што ни се доверени, и ниеден од нив не загинал.
50
Еве, Му донесовме принос на Господ кој што нашол — златни предмети, алки, гривни, прстења, обетки и веришки, за да ги очистиме своите души пред Господ.“
51
И го зедоа од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото на сите тие изработки.
52
И сето злато, донесено од илјадниците и стотниците за вознесување пред Господ, беше шеснаесет илјади седумстотини и педесет шекели.
53
Воините беа грабале секој за себеси.
54
И го зедоа Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од илјадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на собранието за спомен на синовите израелски пред Господ.
← Chapter 30
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 32 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36