bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Numbers 28
Numbers 28
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 29 →
1
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Заповедај им на синовите израелски и кажи им: даровите Мои, лебните приноси, жртвите Мои со благопријатен мирис да Ми се принесуваат во свое време.
3
И кажи им: ете ја жртвата, која треба да Му ја принесувате на Господ: јагниња без недостаток — две едногодишни машки јагниња на ден, како жртва-сепаленица;
4
едното јагне принесувај го наутро, а другото јагне навечер;
5
и лебен принос да принесете, една десетина од ефа пченично брашно, помешано со четвртина ин биено маслиново масло,
6
Тоа е постојана жртва-сепаленица, каква што беше принесена на планината Синај, за благопријатен мирис — жртва Господова.
7
И кон неа да има за прелив четврт ин за едно јагне; на свето место извршувај го со вино преливот на Господ.
8
Другото јагне принесувај го навечер, со таков лебен принос како утрината, со таков прелив кон него, принесувај како жртва — благопријатен мирис пред Господ.
9
А во саботен ден по две едногодишни машки јагниња без недостаток, и лебен принос две десетини од ефа пченично брашно, помешано со масло, и прелив кон него.
10
Тоа е саботна сепаленица за секоја сабота, освен постојаната сепаленица и преливот за неа.
11
и во првиот ден од месецот принесувајте Му на Господ сепаленици: два јунци, еден овен и седум едногодишни машки јагниња без недостаток,
12
и три десетини од ефа пченично брашно, измешано со масло, како лебен принос кон секој јунец, и две десетини од ефа пченично брашно, измешано со масло, како лебен принос со овенот,
13
и по една десетина од ефа пченично брашно, помешано со масло, како лебен принос за секое јагне, тоа е сепаленица, благопријатен мирис, жртва на Господ;
14
а преливот за нив треба да биде половина ин вино за јунецот, една третина од ин за овен и една четвртина ин за јагне; тоа е сепаленица за секое новомесечје во текот на сите месеци на годината.
15
Принесувајте Му на Господ секогаш и по еден козел како жртва за грев; него треба да го принесувате покрај секојдневната сепаленица, заедно со преливот за него.
16
Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот, е Пасха Господова.
17
И на петнаесеттиот ден од тој месец е празник; седум дена треба да се јадат бесквасни лебови.
18
Во првиот ден да имате свето собрание; никаква работа не вршете;
19
и принесете сепаленица, жртва на Господ: два јунци, еден овен и седум едногодишни машки јагниња; тие да се без недостаток;
20
и кон нив лебен принос принесувајте пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секој јунец, и две десетини од ефа за овенот,
21
и по една десетина ефа принесувајте за секое од седумте јагниња,
22
и еден козел — жртва за грев, за да се ослободите од гревот;
23
принесувајте го тоа, освен утринската сепаленица, која е постојана жртва.
24
Така правете секој ден во седумте дена; тоа е дар, принос благопријатен за Господ; освен редовната сепаленица и преливот кон неа треба да го принесувате тоа.
25
И во седмиот ден треба да имате свето собрание; никаква работа не вршете.
26
И во денот на Првите плодови, кога Му принесувате на Господ нов лебен принос на празникот на Седмиците, треба да имате свето собрание, никаква работа не вршете;
27
и принесувајте сепаленици — благопријатен мирис на Господ: два јунца, еден овен и седум едногодишни машки јагниња,
28
а заедно со нив и лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секој јунец, две десетини од ефа за овен,
29
и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња;
30
и еден козел — за ослободување од грев.
31
Принесувајте ми ги овие жртви со нивниот прелив, освен постојаните сепаленици со лебниот им принос; тие треба да бидат без надостаток.“
← Chapter 27
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 29 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36