bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Numbers 3
Numbers 3
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 4 →
1
Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеј на планината Синај.
2
Еве ги имињата на синовите Аронови: првенецот Надав, Авиу, Елеазар и Итамар.
3
Тоа се имињата на Ароновите синови, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат.
4
Но Надав и Авиу умреа пред Господ, кога донесоа туѓ оган пред Господ во Синајската Пустина, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татко си Арон.
5
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
6
„Доведи го Левиевото племе и постави го при свештеникот Арон, за да му служат;
7
и тие нека му служат на него и на целото општество израелско при скинијата на собранието, извршувајќи ги службите при скинијата;
8
и да ги пазат сите сосуди во скинијата на собранието и да бидат на служба за синовите израелски во врска со сите работи што се вршат околу скинијата.
9
И дај му ги левитите на Арон, и на синовите негови; нека им бидат тие дадени како дар од синовите израелски.
10
А на Арон и синовите негови порачај им да се грижат за свештеничката должност; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен.“
11
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
12
„Ете, Јас ги зедов левитите меѓу синовите израелски наместо сите првородени од синовите на Израел, што отвораат утроба; левитите ќе бидат Мои,
13
бидејќи сите првородени се Мои; во денот, кога ги убив сите првородени во египетската земја, Јас ги осветив за Себе сите провородени во Израел — од човек до добиток: тие треба да бидат Мои. Јас сум Господ.“
14
И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина, велејќи:
15
„Преброј ги Левиевите синови според семејствата нивни и според родовите нивни; преброј сѐ од машки пол од еден месец, и нагоре!“
16
И ги преброи Мојсеј според зборовите Господови, како што беше заповедано.
17
Еве ги Левиевите синови според имињата нивни: Гирсон, Каат и Мерариј.
18
А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ливниј и Семеј.
19
И синовите на Каат според родовите нивни: Амрам и Јицхар, Хеврон и Узиил.
20
И синовите на Мерариј според родовите нивни: Махлиј и Мушиј. Тоа се Левиевите родови според семејствата нивни:
21
Од Гирсон произлегува родот Ливниев и родот Семеиев: тоа се Гирсоновци.
22
Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум илјади и петстотини.
23
Родовите на Гирсоновци беа сместени зад скинијата, откај запад.
24
Началник на поколението од Гирсоновите синови беше Елјасаф, син Лаелов;
25
на Гирсоновите потомци при скинијата на собранието им е доверено да ги пазат: скинијата и покривот нејзин, завесата при влезот во скинијата на собранието,
26
платништата околу дворот, завесата од влезот во дворот што се околу скинијата и жртвеникот, со јажињата и другите нивни принадлежности.
27
Од Каат произлегува родот Амрамов и родот Јицхаров, и родот Хевронов и родот Узиилов: тоа се Каатовците.
28
Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум илјади и шестотини, кои го чуваа светилиштето.
29
Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата;
30
а началникот на племето Каатовци беше Елицафан, синот Узиилов;
31
тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, свештените садови што се употребуваат при службата, и завесата со сите нејзини работи.
32
Главен началник на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; под негов надзор беа оние кои беа задолжени да го чуваат светилиштето.
33
Од Мерариј произлегува родот Махлиев и родот Мушиев; тоа се родови Мерариеви;
34
сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест илјади и двесте;
35
началник на потомците на родот Мерариевци беше Цуриел, син на Авихаил; тие да се распоредат на северната страна од скинијата;
36
на Мерариевите синови им беше доверено да ги чуваат штиците од скинијата и пречниците нивни, столбовите и подножјата нивни, сиот прибор, и сите други нејзини принадлежности,
37
столбовите од дворот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и јажињата нивни.
38
А од предната страна на скинијата, откај исток, пред скинијата на собранието сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои наместо синовите Израелови, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој друг се доближеше, беше убиван.
39
Сите изброени левити што ги преброија Мојсеј и Арон по заповед на Господ, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади.
40
И му рече Господ на Мојсеј: „Преброј ги сите првородени синови израелски од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично;
41
и земи ги левитите за Мене, како замена за сите првородени од синовите на Израел, — Јас сум Господ — а добитокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите израелски.“
42
И ги преброи Мојсеј, сите првородени од синовите израелски како што му заповеда Господ;
43
и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две илјади двесте седумдесет и три.
44
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
45
„Земи ги левитите место сите првородени од синовите на Израел, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ.
46
А за откуп на двесте седумдесет и трите првородени синови израелски, со кои се надминува бројот на левитите,
47
земи по пет шекели за човек, според свештениот шекел земи; по дваесет гери во шекел;
48
и дај му го тоа сребро на Арон и на синовите негови, за откуп на оние што го надминуваат нивниот број.“
49
И го зеде Мојсеј среброто од откупот за оние што го надминуваат бројот на заменетите со левити.
50
Од првородените израелски синови зеде сребро илјада триста шеесет и пет шекели, според свештениот шекел;
51
и среброто од откупот Мојсеј му го даде на Арон и на синовите негови според зборовите на Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36