bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
/
Numbers 6
Numbers 6
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 7 →
1
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
„Кажи им на синовите израелски и речи им: ако маж или жена даде завет за назирство и Му се посвети на Господ како назир,
3
тој треба да се воздржува од вино и од секаков друг алкохолен пијалак, и од вински оцет, и од оцет од друг алкохол, и не смее да пие ништо приготвено од грозје, а не смее да јаде ни свежо, ниту суво грозје;
4
во сите денови на својот завет тој не смее да јаде ништо што е приготвено од грозје, — од семките до лушпите.
5
Во сите денови на неговиот завет за назирство брич не смее да ја допира главата негова; додека да минат деновите, во кои Му се посветил на Господ како назир, тој е свет; треба да остави слободна да расте косата на неговата глава.
6
Во сите денови, во кои Му се посветил на Господ, тој не смее да се доближува до мртво тело;
7
тој не смее да се осквернува ни со допир до таткото свој и мајката своја, до братот свој и сестрата своја, кога ќе умрат, зашто заветот на Бога е врз главата негова;
8
во сите денови на неговиот завет нека биде свет пред Господ.
9
Ако некој кај него умре ненадејно, и со тоа се оскверни неговата посвета во назирство, да ја истриже главата своја во денот на своето очистување, на седмиот ден да ја истриже,
10
а во осмиот ден да му однесе на свештеникот при влезот од скинијата на собранието две грлици или два млади гулаба.
11
Свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и ќе го очисти од осквернувањето со мртвото тело, и ќе ја освети главата негова во тој ден,
12
и тој одново треба да ги почне на Господ посветените денови на своето назирство и да принесе едногодишно јагне како жртва за вина; поранешните, пак, денови да не се сметаат, зашто назирството негово било осквернето.
13
Ова е законот за назирот: во оној ден кога ќе завршат деновите на неговото назирство, нека го доведат пред влезот од скинијата на собранието,
14
и тој да принесе жртва на Господ едно едногодишно машко јагне без недостаток за сепаленица, и едно женско јагне без недостаток како жртва за грев и еден овен без недостаток како жртва за мир,
15
и кошница со лебови без квас од пченично брашно, и лебови месени со масло, и бесквасни питки помазани со масло и лебен принос со нив и прелив.
16
И свештеникот да го донесе тоа пред Господ и да ја принесе жртвата негова за грев и сепаленицата негова;
17
овенот да Му го принесе на Господ како жртва за мир заедно со кошницата бесквасни лебови; исто така свештеникот да го принесе лебот и преливот за него.
18
А при влезот од скинијата на собранието назирот да ја истриже својата посветена глава, и да ја стави косата од својата посветена глава на огнот што е под жртвата за мир.
19
И да земе свештеникот една сварена плешка од овенот, една бесквасна питка од кошницата и еден леб и да ги стави во рацете на назирот, откако тој ќе ја истриже својата глава;
20
и да го издигне тоа свештеникот, нишајќи го пред Господ; тоа е светиња за свештеникот заедно со нишканите гради и издигнатата плешка. Потоа назирот може да пие вино.
21
Тоа е законот за назирот, кој Му се посветил на Господ, и жртвата што Му ја принесува на Господ за неговиот завет, без да се смета она што може повеќе да даде: според заветот свој што го дал, така треба и да направи, заедно со озаконетото за неговото назирство.“
22
И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
23
„Кажи му на Арон и на синовите негови: така да ги благословувате синовите израелски и да им говорите:
24
да те благослови Господ и да те чува!
25
да погледне кон тебе Господ со светлото Свое лице и да те помилува;
26
да го сврти Господ кон тебе лицето Свое и да ти даде мир!
27
Така да го повикувате името Мое над синовите Израелови, и Јас ќе ги благословам.“
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36