bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Hebrews 10
Hebrews 10
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 11 →
1
Бидејќи Законот ја има само сенката на идните добра, а не нивниот вистински лик, никогаш не може со оние исти жртви, што се принесуваат секоја година, да ги усоврши оние кои пристапуваат.
2
Инаку, зар не би престанале да се принесуваат, бидејќи оние што служат, еднаш очистени, не би имале веќе никакво сознание за гревовите.
3
Но преку жртвите секоја година се потсетуваат на гревовите,
4
бидејќи јунешката и јарешката крв не може да ги отпушти гревовите.
5
Затоа, влегувајќи во светот, Христос вели: „Жртви и дарови Ти не посака, а тело Ми приготви.
6
Сепаленици и жртви за гревот не Ти се угодни.“
7
Тогаш реков: „Ете, доаѓам – напишано е за Мене во поглавјето на книгата – да ја извршам, Боже, Твојата волја.“
8
Кога погоре рече: „Жртви и принос и сепаленици за гревот – што се принесуваат според Законот, Ти не посака и не Ти се угодни“,
9
а потоа рече: „Ете, доаѓам, Боже, да ја извршам Твојата волја“, со тоа Тој го укинува првото, за да го воспостави второто.
10
Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш.
11
И секој свештеник стои секој ден, служејќи и многупати принесувајќи ги истите жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите;
12
а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога,
13
и оттогаш чека сѐ додека Неговите непријатели не бидат положени како подножје на Неговите нозе.
14
Зашто преку еден принос Тој осветените ги направи засекогаш совршени.
15
И Светиот Дух ни посведочи, зашто, откако порано рече:
16
„Ова е заветот што ќе им го ветам по оние денови, вели Господ: Моите закони ќе ги ставам во нивните срца, и во нивните мисли ќе ги напишам.“ Тој додава:
17
„И за нивните гревови и беззаконија нема веќе да си спомнувам.“
18
А каде има простување за нив, таму веќе нема принос за грев.
19
И така, браќа, штом имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус,
20
по нов и жив пат, што Тој ни го отвори низ завесата, односно преку Своето тело,
21
и бидејќи имаме велик Свештеник над Божјиот дом,
22
да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очистиме срцата од зла совест со попрскување и откако ќе го измиеме телото со чиста вода.
23
И цврсто да го држиме исповеданието на нашата надеж, зашто верен е Оној што го даде ветувањето.
24
И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела,
25
не изостанувајќи од нашите заеднички собири како што некои имаат обичај, туку да се бодриме еден со друг, и тоа толку повеќе, колку што гледате дека се приближува Денот.
26
Зашто, ако своеволно продолжуваме да грешиме откако ја познавме вистината, тогаш нема веќе жртва за гревови,
27
туку страшно очекување на суд и јаростен оган што ќе ги проголта противниците.
28
Ако оној што го прекршил Мојсеевиот Закон, доколку има двајца или тројца сведоци, безмилосно се казнува со смрт,
29
тогаш, колку потешка казна, мислите, дека ќе заслужи оној што Го погазил Синот Божји и ја осквернил крвта на заветот, преку која е осветен, и Го навредил Духот на благодатта?
30
Зашто ние Го знаеме Оној што рекол: „Одмаздата е Моја, Јас ќе наплатам“, вели Господ. И уште: „Господ ќе му суди на Својот народ.“
31
Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог!
32
Но помнете ги вашите поранешни денови кога, откако се просветивте, претрпевте голема борба во страдањата,
33
било затоа што бевте јавно изложени на срам и маки, било затоа што станавте соучесници на оние кои така страдаа.
34
Зашто вие и на моите окови се сожаливте и со радост дозволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот за себеси.
35
И така, не напуштајте ја вашата смелост; таа ви носи голема награда.
36
Вам ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните Божјата волја, да го добиете ветеното;
37
зашто уште малку, сосем малку, и „Оној што доаѓа, ќе дојде и нема да задоцни.
38
А праведниот ќе живее преку верата; но ако отстапи нема да ѝ е мил на Мојата душа.“
39
Ние, пак, не сме од оние што отстапуваат и гинат, туку од оние што веруваат за спасение на душата.
← Chapter 9
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 11 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13