bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Hebrews 12
Hebrews 12
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 13 →
1
Затоа и ние, опкружени со толкав облак од сведоци, да отфрлиме од себе секакво бреме и гревот кој лесно се прилепува за нас, и со трпение да побрзаме кон претстојната борба,
2
имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, заради радоста што беше пред Него, претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на Божјиот Престол.
3
Мислете на Оној што од грешниците претрпе такво непријателство против Себе, за да не снеможете и да не станете малодушни!
4
Сѐ уште не сте се спротивставиле до крв во борбата против гревот.
5
И сте ја заборавиле утехата која вам, како на синови ви зборува: „Сине мој, не презирај ја казната од Господ и не биди малодушен кога те укорува,
6
зашто Господ го казнува оној кого го љуби, и го бие секој син што го прима.“
7
Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син кого таткото не го казнува?
8
Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте незаконски деца, а не синови.
9
Ако ги почитувавме нашите телесни татковци кога нѐ казнуваа, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, за да бидеме живи?
10
Зашто тие нѐ казнуваа за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој – за наша полза, за да учествуваме во Неговата светост.
11
Секоја казна во почетокот не изгледа дека е за радост, туку за жалост; но потоа таа им принесува мирен род на праведност на оние што ќе се поучат од неа.
12
Затоа исправете ги премалените раце и ослабените колена,
13
и израмнете ги патеките за нозете свои, та она што е куцо, да не се исчаши, туку, напротив, да се исцели.
14
Трудете се да имате мир со сите, и светост, без која никој нема да Го види Господ.
15
Внимавајте никој да не се лиши од Божјата благодат, да не никне некој горчлив корен и да направи штета, и да ве вознемири и преку него да се осквернат мнозина;
16
да нема меѓу вас некој блудник, или нечестив како Исав, кој за едно јадење се откажа од своето право на првородство.
17
Зашто знаете дека тој и отпосле, сакајќи да го наследи благословот, беше отфрлен, бидејќи не најде место за покајание, иако го беше барал дури со солзи.
18
Вие не пристапивте кон гора што може да се допре и кон разгорен оган, кон облак, мрак и бура,
19
и кон трубен звук, и кон глас од зборови, чии слушачи молеа да не им се зборува веќе,
20
зашто не можеа да го истрпат она што им се заповедаше: „Дури и ѕвер да се допре до гората, со камења нека биде убиен.“
21
И глетката беше толку страшна, што и Мојсеј рече: „Треперам од страв!“
22
Но вие пристапивте кон гората Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон безбројните ангели, на свечениот собор,
23
кон свечениот собор, кон соборот на првородените, кои се запишани на небесата, и кон Бога, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совршенство,
24
и кон Исус, Посредникот на Новиот Завет, и кон крвта за попрскување, која зборува подобро од Авеловата.
25
Гледајте да не Го отфрлите Оној што зборува. Зашто, ако не ја избегнаа казната оние што одбија да Му служат на Оној што зборуваше на земјата, тогаш колку повеќе нема да ја избегнеме ние, кои Го отфрламе Оној, што зборува од небесата;
26
Чиј глас тогаш ја потресе земјата, а Кој сега ветува, велејќи: „Уште еднаш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото.“
27
Зборовите „уште еднаш“ означуваат дека колебливото како создадено ќе се промени, за да остане само непоколебливото.
28
И така, примајќи го непоколебливото царство, да искажеме благодарност со која ќе Му служиме на Бога благоугодно, со благобојазливост и во страв,
29
зашто нашиот Бог е оган што проголтува.
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13