bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Hebrews 11
Hebrews 11
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 12 →
1
А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме и убеденост во она што не се гледа.
2
Преку неа нашите предци добија сведоштво.
3
Преку вера разбираме дека вековите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото.
4
Преку вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите дарови; преку неа тој и по смртта уште зборува.
5
Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не беше најден, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселувањето тој доби сведоштво дека Му угодил на Бога.
6
А без вера е неможно да Му се угоди; бидејќи оние што доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат.
7
Преку вера Ное, откако му беше укажано од Бога за она што уште не се гледаше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Преку неа тој го осуди светот и според верата стана наследник на праведноста.
8
Преку вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што требаше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди.
9
Преку вера тој се насели во ветената земја како туѓинец и живееше под шатори со Исак и Јаков, наследници на истото ветување;
10
зашто тој го очекуваше оној град што има цврсти темели, чиј градител и творец е Бог.
11
Преку вера и самата Сара доби сила да зачне па, и покрај нејзината возраст, роди, зашто Го сметаше за верен Оној што беше ветил.
12
И така од еден, и тоа речиси мртов, се родија толку многу, колку што се ѕвездите на небото и колку што е безбројниот песок на морскиот брег.
13
Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, туку само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се туѓинци и придојдени на земјата.
14
Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина.
15
И ако ја беа имале на ум онаа татковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат.
16
Но сега копнеат за подобра, односно небесна татковина; затоа и Бог не се срами да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.
17
Авраам преку вера, кога беше искушуван, го принесе како жртва Исак; тој, што го доби ветувањето, го принесе својот единствен син,
18
за кого му беше речено: „По Исак ќе ти се нарече потомството“;
19
зашто тој сметаше дека Бог може и од мртвите да воскреснува и, така да речам, го прими Исак назад.
20
Преку вера Исак ги благослови Јаков и Исав за иднината.
21
Преку вера Јаков, на умирање, го благослови секого од синовите на Јосиф и „им се поклони, потпирајќи се на врвот од својот жезол.“
22
Преку вера Јосиф, на умирање, спомна за излегувањето на Израилевите синови од Египет и им даде упатства како да постапат со неговите коски.
23
Преку вера, кога Мојсеј се роди, неговите родители три месеци го криеја, зашто видоа дека детето е убаво, и не се плашеа од царската заповед.
24
Преку вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка
25
и повеќе сакаше да страда заедно со Божјиот народ, отколку да ужива во минливите гревовни наслади.
26
Прекорувањето заради Христос го сметаше за поголемо богатство од ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата.
27
Преку вера тој го напушти Египет, не плашејќи се од царската јарост, зашто издржа, како да Го гледа Невидливиот.
28
Преку вера тој ја прослави Пасхата и изврши попрскување со крв, та истребувачот на првородените да не се допре до нив.
29
Преку вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, а кога тоа се обидоа да го направат и Египќаните, се издавија.
30
Преку вера паднаа ѕидовите на Ерихон, откако беа обиколувани цели седум дена.
31
Преку вера блудницата Раав не загина заедно со неверниците откако благонаклоно ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.
32
И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Гедеон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и за пророците,
33
кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија усти на лавови;
34
угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;
35
жени своите мртви ги примија воскреснати; други, пак, беа мачени и не прифатија да бидат ослободени, за да добијат подобро воскресение;
36
а други поднесоа исмевања и камшикувања, па дури и окови и затвор;
37
со камења беа убивани, со пила сечени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во оскудност, во маки, во страдање –
38
тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по гори, по пештери и јами во земјата.
39
И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,
40
зашто Бог предвиде нешто подобро за нас: тие без нас да не примат совршенство.
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13