bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Hebrews 9
Hebrews 9
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 10 →
1
Секако дека и во првиот завет имаше уредби за богослужение и земно светилиште;
2
зашто скинијата беше направена вака: во првиот дел се наоѓаа светилникот, трпезата и приложените лебови; тој дел е наречен „Светиња.“
3
А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Светиња на светињите“;
4
во неа се наоѓаа златната кадилница и ковчегот на заветот, од сите страни опкован со злато, во кој стоеја златниот сад кој содржел мана и расцутениот жезол на Арон, како и плочите на заветот,
5
а над него, пак, херувими на славата, кои го осенуваа местото за очистување; за ова сега нема потреба да се зборува во подробности.
6
При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свештениците за да го извршуваат богослужението;
7
а во вториот дел влегуваше само првосвештеникот, еднаш годишно, и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себе и за гревовите на народот, направени во незнаење.
8
Со ова Светиот Дух ни покажува дека сѐ уште не е отворен патот за светилиштето сѐ додека стои првата скинија,
9
која е симбол на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви кои не можат да го направат совршен по совеста оној што богослужи,
10
бидејќи се состојат само од јадења, пиења и разни миења – телесни прописи, востановени до времето кога сето ова ќе се исправи.
11
Но кога Христос дојде како Првосвештеник на идните добра, Тој влезе низ поголема и посовршена скинија, неракотворена, односно не онаква каква што се прави на земјата,
12
и не со јарешка и телешка крв, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп.
13
Зашто, ако крвта од јунци и јарци, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото,
14
тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себеси непорочен на Бога, ќе ја очисти вашата совест од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог!
15
Затоа Тој е посредник на нов завет, та по Неговата смрт, која стана за откуп на престапите од времето на првиот завет, повиканите да го добијат ветеното вечно наследство.
16
Зашто, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,
17
бидејќи заветот стапува на сила само по смртта; тој нема никаква сила додека заветувачот е жив.
18
Затоа ни првиот завет не беше утврден без крв.
19
Зашто, откако Мојсеј ги изговори сите заповеди од Законот пред сиот народ, зеде телешка и јарешка крв со вода, со црвена волна и со исоп, па ги пороси и самата книга и сиот народ,
20
велејќи: „Ова е крвта на заветот што ви го одреди Бог.“
21
Исто така со крв ги попрска и скинијата и сите богослужбени садови.
22
И речиси сѐ според Законот се очистува со крв, и без пролевање крв нема простување.
23
И така, беше неопходно сликите на небесните нешта да се очистат на таков начин, а самите небесни нешта со подобри жртви од овие.
24
Зашто Христос не влезе во ракотворено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас;
25
и не за да се принесува Себеси многупати, како што првосвештеникот влегува во светилиштето секоја година со туѓа крв.
26
Инаку Тој би требало многупати да пострада од создавањето на светот. А сега еднаш засекогаш, до крајот на вековите, се јави за да го отстрани гревот, откако се принесе Сам Себе како жртва.
27
И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд,
28
така и Христос, откако еднаш се принесе, за да ги понесе гревовите на мнозина, вторпат ќе се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13