bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Hebrews 4
Hebrews 4
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 5 →
1
Па така, додека уште важи ветувањето за влегување во Неговиот спокој, да пазиме да не помисли некој од вас дека задоцнил.
2
Зашто и нам ни беше благовестено, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи кај оние што го беа чуле, тоа не се соедини со верата.
3
А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој, како што рекол Тој: „Па така, во Својот гнев се заколнав дека нема да влезат во Мојот спокој“, иако Неговите дела беа завршени уште од создавањето на светот.
4
Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.“
5
И пак на тоа место: „Нема да влезат во Мојот спокој.“
6
И така, бидејќи на некои им останува да влезат во него, а оние, на кои порано им беше проповедано благовестието, не влегоа поради непослушност,
7
затоа Тој повторно определи еден ден – „денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, не закоравувајте ги вашите срца.“
8
Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог потоа веќе немаше да зборува за друг ден.
9
Затоа, за Божјиот народ сѐ уште останува саботна починка.
10
Зашто, оној што ќе влезе во Неговиот спокој, тој ќе се одмора од своите дела, како и Бог од Своите.
11
И така, да се погрижиме да влеземе во тој спокој, та никој да не падне во слична непослушност.
12
Зашто, словото Божјо е живо и делотворно, поостро од секаков меч со две острици и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и сржта, и ги проценува мислите и намерите на срцето.
13
И нема создание невидливо за Него, туку сѐ е голо и разоткриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.
14
Така, имајќи велик Првосвештеник Кој преминал преку небесата, Исус, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедањето на верата.
15
Зашто, ние немаме Првосвештеник што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој беше искушуван во сѐ – слично на нас – освен во грев.
16
И така, смело да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13