bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Hebrews 6
Hebrews 6
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 7 →
1
Затоа, да го оставиме почетното учење за Христос и да се стремиме кон совршенство, да не ја поставуваме одново основата: покајанието од мртви дела и верата во Бога,
2
учењето за крштевањето, ракополагањето, воскресението на мртвите и вечниот суд.
3
И тоа ќе го направиме, ако допушти Бог.
4
Зашто неможно е – оние кои еднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа соучесници на Светиот Дух
5
и, откако вкусија од убавиот Божји збор и од силите на идниот век,
6
потоа отпаднаа – да бидат повторно обновени за покајание, зашто повторно во себеси Го распнуваат и Го посрамуваат Синот Божји.
7
Зашто земјата која го впива дождот што често паѓа на неа и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов;
8
а онаа што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството, нејзиниот крај е да изгори.
9
Но од вас, возљубени, ние очекуваме нешто подобро и спасително, иако вака ви зборуваме.
10
Зашто Бог не е несправедлив, та да го заборави вашето дело и трудот на љубовта што ги покажавте во Негово име, преку вашето некогашно и сегашно служење на светиите.
11
А ние сакаме секој од вас до крај да ја покажува истата усрдност за потполна увереност во надежта,
12
та да не станете мрзливи, туку да ги подражавате оние кои преку вера и трпение ги наследуваат ветувањата.
13
Кога Бог му даде ветување на Авраам, бидејќи немаше никој поголем во кого би се заколнал, се заколна во Себе,
14
велејќи: „Навистина ќе те благословам и преблагославам, ќе те умножам и преумножам.“
15
И така, со долготрпение тој го доби ветеното.
16
Луѓето, пак, се колнат во поголемо од нив, и заклетвата, како потврда, ѝ става крај на секоја нивна препирка.
17
Затоа и Бог, сакајќи на наследниците на ветувањето јасно да им ја покаже неизменливоста на Својата одлука, посведочи со заклетва,
18
та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме крепка утеха и ние, кои прибегнуваме да ја дофатиме надежта која е пред нас,
19
а која за нашата душа е цврста и сигурна котва, и која влегува дури зад завесата,
20
каде што како претходник за нас влезе Исус, станувајќи довека Првосвештеник по чинот Мелхиседеков.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13