bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Hebrews 13
Hebrews 13
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
1
Бидете истрајни во братољубието!
2
Не запоставувајте ја гостољубивоста, бидејќи преку неа некои, и без да знаат, им укажаа гостопримство на ангели.
3
Помнете ги затворениците, како и вие да сте затворени со нив, и страдалниците, зашто и самите сте во тело.
4
Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.
5
Немојте да бидете среброљупци; задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“;
6
така што слободно да велиме: „Господ ми е помошник, и нема да се плашам; што може да ми направи човек?“
7
Помнете ги и вашите учители, кои ви го проповедаа словото Божјо и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја нивната вера.
8
Исус Христос е ист вчера, денес, и довека.
9
Не давајте да ве заведат разни туѓи учења; зашто е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со прописи за јадења, од кои немаа никаква полза оние што ги применуваа.
10
Ние имаме жртвеник од кого немаат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата,
11
бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на гревовите, се изгоруваат надвор од живеалиштето.
12
Затоа и Исус, за да ги освети луѓето со Својата крв, пострада надвор од градската порта.
13
И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи го Неговото понижување,
14
зашто овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде.
15
Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прославуваат Неговото име.
16
И не ги заборавајте доброчинствата и споделувањето на она што го имате, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.
17
Покорувајте им се на вашите водачи и бидете им послушни. Тие бдеат за вашите души, бидејќи се задолжени да дадат одговор за нив. Гледајте тоа да го вршат со радост, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.
18
Молете се за нас, зашто сме уверени дека имаме добра совест, сакајќи во сѐ добро да постапуваме.
19
Уште повеќе ве замолувам да го правите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.
20
А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот Завет Го воздигна од мртвите великиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус,
21
нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Кому слава во вечни векови, Амин!
22
Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко ви напишав.
23
Знајте дека братот Тимотеј е ослободен; со него, ако дојде навреме, ќе ве видам.
24
Поздравете ги сите ваши водачи и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.
25
Благодатта нека биде со сите вас. Амин!
← Chapter 12
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13