bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Hebrews 7
Hebrews 7
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 8 →
1
Зашто овој Мелхиседек, цар салимски, свештеник на Севишниот Бог, кој го пресретна Авраам, кога овој се враќаше од победата над царевите, и го благослови,
2
и кому Авраам му даде десеток од сѐ, – тој по значењето на неговото име е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот.
3
Без татко, без мајка, без родословие, немајќи ниту почеток на деновите, ниту крај на животот и како подобен на Синот Божји, тој останува свештеник засекогаш.
4
Видете колку е велик оној кому патријархот Авраам му даде десеток од најдобриот плен!
5
Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед по Законот да земаат десеток од народот, односно од своите браќа, иако и тие произлегле од Авраамовите бедра.
6
Но тој, кој не му припаѓаше на нивниот род, зеде десеток од Авраам и го благослови оној што беше примил ветувања.
7
А неоспорно е дека помалиот се благословува од поголемиот.
8
Така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има сведоштво дека е жив.
9
И, така да речам, Левиј, кој прима десеток, и сам даде десеток преку Авраам,
10
бидејќи уште беше во бедрата на својот татко кога Мелхиседек го сретна.
11
Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, тогаш зошто беше потребно да се воздигне друг свештеник, по чинот Мелхиседеков, и да не се нарекува по чинот Аронов?
12
Зашто, ако се промени свештенството, тогаш се јавува потреба да се измени и Законот.
13
А Оној за Кого се зборува ова, му припаѓа на друго племе, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот;
14
зашто е познато дека нашиот Господ произлезе од Јуда, а за свештенството од ова племе Мојсеј ништо не рекол.
15
Тоа станува уште појасно кога се воздига друг свештеник, сличен на Мелхиседек,
16
Кој станал таков не по силата на телесната заповед, туку по силата на неуништливиот живот.
17
Бидејќи е посведочено: „Ти си свештеник довека, по чинот Мелхиседеков.“
18
А поранешната заповед се укинува поради нејзината слабост и бесполезност,
19
зашто Законот ништо не доведе до совршенство, па се воведува подобра надеж, преку која се приближуваме до Бога.
20
Тоа беше потврдено со заклетва. Зашто оние беа станале свештеници без заклетва,
21
а Тој – со заклетва, преку Оној што Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: ’Ти си свештеник довека, по чинот Мелхиседеков.‘“
22
Затоа Исус стана залог на толку подобар завет.
23
А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден;
24
а Тој, бидејќи живее довека, има свештенство што не изминува.
25
Затоа Тој и може совршено да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се застапува за нив.
26
Таков Првосвештеник и ни требаше: свет, незлобив, неосквернет, одвоен од грешните и Кој стана повозвишен од небесата.
27
Кој нема потреба, како другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за своите гревови, а потоа и за оние на народот, бидејќи Тој го изврши тоа еднаш засекогаш, принесувајќи се Самиот Себеси.
28
Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе што се немоќни; а словото на заклетвата што е по Законот, го поставува Синот, Кој е совршен довека.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13