bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
Hebrews 3
Hebrews 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 4 →
1
Затоа, свети браќа, соучесници во небесниот повик, имајте го на ум Пратеникот и Првосвештеникот на верата што ја исповедаме, Исус Христос,
2
Кој Му беше верен на Оној што Го поставил, како што беше и Мојсеј – во целиот Негов дом.
3
Бидејќи Тој се удостои со поголема слава од Мојсеј, онака како што и градителот има поголема чест од куќата што ја изградил!
4
Зашто секоја куќа се гради од некого; а Оној, Кој изградил сѐ, е Бог.
5
И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти.
6
Христос, како Син во Својот дом. Негов дом, пак, сме ние, доколку докрај цврсто ги запазиме смелоста и надежта, со која се фалиме.
7
Затоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете Неговиот глас,
8
не закоравувајте ги своите срца, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината,
9
каде што вашите татковци Ме искушуваа, Ме испитуваа, и ги гледаа Моите дела четириесет години.
10
Затоа се разгневив на тоа поколение и реков, секогаш се заблудуваат во срцата; а самите не ги познаа Моите патишта.
11
Па така, во Својот гнев се заколнав дека нема да влезат во Мојот спокој.“
12
Браќа, внимавајте, да не би во некого од вас да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог.
13
Туку охрабрувајте се секој ден еден со друг, додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не се закорави преку измамата на гревот;
14
зашто ние станавме соучесници на Христос, ако докрај цврсто ја задржиме првобитната увереност;
15
како што е речено: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не се закорават вашите срца онака како кога се побунивте.“
16
Зашто кои се тие што чуја и се огорчија, ако не се оние што со Мојсеј излегоа од Египет?
17
Против кого негодуваше Тој четириесет години? Зар не против оние што погрешија и чии коски останаа во пустината?
18
Кому, пак, Тој се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој, ако не на оние што беа непокорни?
19
И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13