bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
John 1
John 1
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 2 →
1
Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог.
2
Тоа во почетокот беше во Бога.
3
Сѐ преку Него стана и без Него ништо не стана, од она што постана.
4
Во Него беше животот и животот им беше светлина на луѓето.
5
Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.
6
Имаше еден човек, испратен од Бога, по име Јован;
7
тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
8
Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината,
9
вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек што доаѓа во светов.
10
Беше во светот и светот преку Него постана, но светот не Го позна.
11
Дојде при Своите, но тие не Го примија.
12
А на сите што Го примија – на сите што веруваат во Неговото име – им даде моќ да станат Божји чеда.
13
Тие не се родија од крв, ниту од телесна похота, ниту од похота машка, туку од Бога.
14
И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и со вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
15
Јован сведочеше за Него и викаше со силен глас: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, што доаѓа по мене, пред мене е, бидејќи беше пред мене!“
16
И од Неговата полнота сите примивме благодат врз благодат;
17
зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината дојдоа преку Исус Христос.
18
Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот – Тој Го објави.
19
И ова е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“
20
И потврди и не одрече, туку објави: „Јас не сум Христос.“
21
И го прашаа: „Кој си тогаш? Илија ли си?“ И рече: „Не сум.“ „Пророк ли си?“ И одговори: „Не.“
22
А тие му рекоа: „Па кој си, за да им дадеме одговор на оние што нѐ испратија; што велиш за себе?“
23
Тој рече: „Јас сум гласот на оној што вика во пустината: израмнете го Господовиот пат, како што вели пророкот Исаија.“
24
А испратените беа од фарисеите;
25
и го запрашаа велејќи му: „Зошто тогаш крштеваш, кога не си Христос, ниту Илија, ниту пророк?“
26
Јован им одговори и рече: „Јас крштевам со вода, но меѓу вас стои Еден Кого вие не Го познавате.
27
Тој е Оној што доаѓа по мене, Кој беше пред мене, Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките.“
28
Ова се случи во Витанија, отаде Јордан, каде што крштеваше Јован.
29
Утредента Јован Го виде Исус како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое го зема гревот на светот врз Себе!
30
Овој е Оној, за Кого реков: по мене доаѓа Човек, Кој е пред мене, бидејќи беше пред мене.
31
Јас не Го познавав, но дојдов да крштевам со вода за Тој да му биде објавен на Израил.“
32
И Јован посведочи велејќи: „Го видов Духот како слегува од небото како гулаб и остана над Него.
33
Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштевам со вода, Тој ми рече: ’Врз Кого ќе видиш дека Духот слегува и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштева со Светиот Дух.‘
34
И јас видов и посведочив дека Тој е Синот Божји.“
35
Утредента, Јован повторно стоеше со двајца од своите ученици.
36
И здогледувајќи Го Исус како поминува, рече: „Еве Го Јагнето Божјо!“
37
Кога ги слушнаа од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исус.
38
А Исус, обѕрнувајќи се и гледајќи дека Го следат, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави – што значи: Учителе – каде живееш?“
39
Тој им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и тој ден останаа кај Него. Беше околу десеттиот час.
40
А еден од двајцата, што беа слушнале од Јован и беа тргнале по Него, беше Андреј, братот на Симон Петар.
41
Тој прво го најде својот брат Симон и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос.“
42
И го одведе кај Исус. А Исус, кога го погледна, му рече: „Ти си Симон, синот на Јона; ти ќе бидеш наречен Кифа, што значи: Петар.“
43
Утредента Исус реши да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Врви по Мене!“
44
А Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар.
45
Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишуваа Мојсеј во Законот, и Пророците – Исус, синот Јосифов, од Назарет!“
46
А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му рече: „Дојди и види!“
47
Кога Исус го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство!“
48
Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“
49
Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!“
50
А Исус, одговарајќи, му кажа: „Бидејќи ти реков дека те видов под смоквата, затоа ли веруваш? Ќе видиш повеќе од ова.“
51
И му рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки.“
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21