bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
John 3
John 3
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 4 →
1
Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, јудејски началник.
2
Тој дојде кај Исус ноќе и Му рече: „Рави! Знаеме дека си учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“
3
Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“
4
Никодим Му рече: „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на својата мајка и да се роди?“
5
А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо;
6
она што е родено од телото, тело е; а она што е родено од Духот, дух е.
7
Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора.
8
Ветрот дува каде што сака и неговиот шум го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“
9
Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“
10
Исус одговори и му рече: „Ти си учител на Израилот, и тоа ли не го знаеш?
11
Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што го знаеме, и сведочиме за она што сме го виделе; а вие нашето сведоштво не го примате.
12
Кога за земни работи ви зборував и не верувате, како ќе поверувате ако ви говорам за небесните?
13
Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото.
14
И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки,
15
та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.
16
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.
17
Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18
Оној што верува во Него – нема да биде суден, а оној што не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.
19
А ова е судот: светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли.
20
Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела.
21
А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи во Бога се извршени.“
22
Потоа дојде Исус со Своите ученици во Јудејската земја и таму живееше со нив и крштеваше.
23
А Јован крштеваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштеваа,
24
зашто Јован уште не беше фрлен во затвор.
25
Тогаш настана расправија меѓу Јовановите ученици и некој Јудеец околу очистувањето.
26
И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Рави, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крштева и сите одат кај Него.“
27
А Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да прими, ако не му биде дадено од небото.
28
Вие самите сведочите дека реков: ’Јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.‘
29
Оној што ја има невестата е младоженец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа, пак, моја радост се исполни.
30
Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“
31
„Оној што доаѓа одозгора, Тој е над сите; а оној што е од земјата, земен е и како земен зборува. Оној што доаѓа од небото, Тој е над сите.
32
И за она што видел и чул, за тоа сведочи; и Неговото сведоштво не го прима никој.
33
А тој што го примил Неговото сведоштво, потврдил дека Бог е вистинит.
34
Бидејќи, тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно.
35
Отецот Го љуби Синот и сѐ Му предаде во Неговата рака.
36
Оној што верува во Синот, има вечен живот; а оној што не верува во Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев ќе остане врз него.“
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 4 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21