bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
John 4
John 4
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 5 →
1
Кога Господ разбра дека фарисеите слушнале за Него, дека Исус придобива и крштева повеќе ученици отколку Јован,
2
иако Самиот Исус не крштеваше, туку Неговите ученици,
3
ја напушти Јудеја и отиде во Галилеја.
4
Но требаше да мине преку Самарија.
5
Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето што му го даде Јаков на својот син Јосиф.
6
Таму беше изворот на Јаков. Исус, пак, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час.
7
Дојде една жена од Самарија за да нацрпи вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!“
8
А Неговите ученици беа отишле во градот да купат храна.
9
Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Којшто си Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.
10
Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ’Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“
11
Жената Му рече: „Господине, Ти немаш ведро, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш жива вода?
12
Зар Ти си поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и неговите синови и неговиот добиток!“
13
Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, ќе ожедни повторно;
14
а оној што ќе пие од водата што ќе му ја дадам Јас, нема да ожедни довека; туку водата што ќе му ја дадам, во него ќе стане воден извор што тече во вечен живот.“
15
Жената Му рече: „Господине, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да доаѓам овде да црпам!“
16
Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“
17
Жената одговори и Му рече: „Немам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа: ’Немам маж‘;
18
зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; тоа што го рече е вистина.“
19
Жената Му одговори: „Господине, гледам дека Ти си пророк!
20
Нашите татковци се поклонуваа во оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.“
21
Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми дека доаѓа време кога ниту во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе Му се поклонувате на Отецот.
22
Вие се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.
23
Но доаѓа време, и веќе настапило, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние што Му се поклонуваат.
24
Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат во дух и вистина.“
25
Жената Му рече: „Знам дека ќе дојде Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, за сѐ ќе нѐ извести.“
26
А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“
27
И тогаш дојдоа Неговите ученици и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“
28
А жената ја остави својата стомна и отиде во градот и им рече на луѓето:
29
„Дојдете, видете Го Човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“
30
Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.
31
А во меѓувреме, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!“
32
Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“
33
Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да јаде?“
34
А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној што Ме прати и да го извршам Неговото дело.
35
Не велите ли вие: ’Уште четири месеци, па ќе настане жетва?‘ А Јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите, оти веќе се бели за жетва.
36
И жетварот веќе добива плата и собира род за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.
37
Зашто во ова се овистинува поговорката: ’Еден сее, а друг жнее.‘
38
Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“
39
И мнозина Самарјани од оној град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“
40
Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена.
41
И уште повеќе народ поверува поради Неговото слово;
42
а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само поради твоето кажување, зашто самите чувме и знаеме дека Тој навистина е Спасителот на светот, Христос.“
43
А по два дена, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја.
44
Зашто Самиот Исус беше посведочил дека пророкот во својот роден крај нема чест.
45
Кога дојде, пак, во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на празникот; зашто и тие беа на празникот.
46
И така, Исус повторно дојде во Кана Галилејска, каде беше претворил вода во вино. Имаше еден царски човек, чијшто син боледуваше во Капернаум.
47
Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање.
48
А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“
49
Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“
50
А Исус му одговори: „Оди си! Твојот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина.
51
И уште додека слегуваше, го сретнаа неговите слуги и го известија, велејќи: „Твоето дете е живо!“
52
Тој, пак, ги запраша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“
53
Тогаш таткото сфати дека тоа е часот кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом.
54
Ова беше второто чудо што го изврши Исус кога пристигна од Јудеја во Галилеја.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21