bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
John 11
John 11
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 12 →
1
Некој Лазар од Витанија, од селото на Марија и сестра ѝ Марта, беше болен.
2
А Марија, чиј брат Лазар боледуваше, беше онаа што Го помаза Господа со миро и ги избриша Неговите нозе со својата коса.
3
Тогаш сестрите испратија кај Него за да Му кажат: „Господи, ете, оној што го љубиш е болен.“
4
Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за Божја слава – за да се прослави Синот Божји преку неа.“
5
А Исус ги љубеше Марта и нејзината сестра и Лазар.
6
Кога, пак, чу дека е болен, тогаш остана уште два дена во местото каде што се наоѓаше.
7
Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!“
8
Учениците Му рекоа: „Рави, сега Јудејците сакаа да Те убијат со камења, и пак ли таму ќе одиш?“
9
Исус одговори: „Нели има дванаесет часови во денот? Ако некој оди дење, не се препнува, зашто ја гледа светлината од овој свет;
10
ако, пак, некој оди ноќе, се препнува, зашто светлината не е во него.“
11
Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, нашиот пријател, заспал; но одам да го разбудам.“
12
Тогаш Неговите ученици рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“
13
Исус, пак, го рече тоа за неговата смрт, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон.
14
Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре!
15
И се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате; но, да отидеме кај него.“
16
Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на останатите ученици: „Да отидеме и ние да умреме со него.“
17
Кога дојде Исус, дозна дека тој веќе четири дена е во гробот.
18
А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии;
19
и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија за да ги утешат за нивниот брат.
20
Кога чу Марта дека доаѓа Исус, излезе да Го пресретне; а Марија седеше дома.
21
Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, да беше тука, брат ми немаше да умре.
22
Но и сега знам дека што и да посакаш од Бога, Бог ќе Ти даде.“
23
Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе воскресне!“
24
Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во последниот ден.“
25
А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресението и животот. Оној што верува во Мене, и да умре, ќе живее.
26
И секој што живее и верува во Мене, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“
27
Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека Ти си Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“
28
Штом го рече тоа, отиде и тајно ја повика својата сестра Марија, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“
29
Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него;
30
зашто Исус уште не беше дошол во селото, туку беше на местото каде што Го пресретна Марта.
31
А Јудејците, што беа со неа дома и ја тешеа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот за таму да плаче.
32
Марија, пак, кога дојде каде што беше Исус и кога Го виде, падна пред Неговите нозе, велејќи Му: „Господи, да беше тука, немаше да умре брат ми!“
33
Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи во духот и се вознемири,
34
па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“
35
Исус просолзи.
36
Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го љубел!“
37
А некои од нив, велеа: „Не можеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“
38
А Исус, сѐ уште нажален во Себе, дојде до гробот; тоа беше пештера и камен навален на неа.
39
Исус рече: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“
40
Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава?“
41
Тогаш го кренаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите нагоре и рече: „Оче, Ти благодарам што Ме послуша.
42
Јас знаев дека Ти секогаш Ме слушаш; но ова го реков заради народот што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“
43
Кога го рече ова, извика со силен глас: „Лазаре, излези надвор!“
44
Умрениот излезе, обвиткан со погребни повои по нозете и по рацете; а лицето завиено со крпа. Исус им рече: „Разврзете го и оставете го да оди!“
45
Тогаш мнозина од Јудејците, што беа дошле кај Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него.
46
А некои од нив отидоа кај фарисеите и им кажаа што направи Исус.
47
Тогаш првосвештениците и фарисеите го собраа Синедрионот и рекоа: „Што да правиме? Овој Човек прави многу чуда.
48
Ако Го оставиме така, сите ќе поверуваат во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ги одземат и земјата и народот.“
49
Еден, пак, од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник, им рече: „Вие ништо не знаете,
50
ниту разбирате дека за нас е подобро еден човек да умре за народот, отколку сиот народ да пропадне.“
51
Но ова не го рече сам од себе, туку, бидејќи беше првосвештеник таа година, прорече дека Исус ќе умре за народот;
52
и не само за народот, туку и за да ги соедини растурените Божји чеда.
53
Од тој ден се согласија да Го убијат.
54
Поради тоа Исус веќе не одеше јавно меѓу Јудејците, туку оттаму отиде во еден крај близу пустината, во градот наречен Ефрем, и таму се задржа со Своите ученици.
55
А се наближуваше јудејската Пасха и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасха, за да се очистат.
56
Тогаш Го бараа Исус и, стоејќи во храмот, си разговараа меѓу себе: „Што мислите? Зар нема да дојде на празникот?“
57
А првосвештениците и фарисеите веќе беа издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.
← Chapter 10
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 12 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21