bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
John 6
John 6
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 7 →
1
Потоа Исус отиде на другата страна од Галилејското, односно Тиверијадското Море.
2
И по Него одеше многу народ, зашто ги гледаа чудата што ги вршеше над болните.
3
А Исус отиде во гората и таму седеше со Своите ученици.
4
И наближуваше јудејскиот празник Пасха.
5
Исус, пак, откако ги подигна очите и виде дека многу народ доаѓа кон Него, му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“
6
А тоа го рече за да го искуша, зашто Самиот знаеше што ќе направи.
7
Филип Му одговори: „И да купиме леб за двесте денарии, не би било доволно за секој да добие по малку!“
8
Еден од Неговите ученици, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече:
9
„Овде има едно момче што има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толкумина?“
10
Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“ А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа мажите, околу пет илјади на број.
11
Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на учениците, а учениците на оние што поседнаа; исто така и од рибите, кој колку сакаше.
12
А кога се наситија, им рече на Своите ученици: „Соберете ги преостанатите парчиња за да не се загуби ништо!“
13
И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошеви со парчиња, што им преостанаа на оние што јадеа.
14
Луѓето, гледајќи го чудото што Исус го направи, рекоа: „Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде во светот!“
15
Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогласат за цар, повторно се повлече Сам во гората.
16
А приквечер, Неговите ученици слегоа до морето,
17
и откако влегоа во коработ, тргнаа преку морето кон Капернаум. И веќе се беше стемнило, а Исус сѐ уште не беше дошол кај нив.
18
Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар.
19
И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии, Го видоа Исус како оди по морето и како се приближува кон коработ, па се уплашија.
20
Но Тој им рече: „Јас сум, не плашете се!“
21
Тогаш тие сакаа да Го примат во коработ; и коработ наеднаш се најде на брегот, каде што одеа.
22
Утредента народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен оној во кој влегоа Неговите ученици, и дека Исус не влезе во коработ со Своите ученици, туку Неговите ученици заминаа сами.
23
И други кораби дојдоа од Тиверијада, близу до местото каде што беа јаделе леб, откако Господ заблагодари.
24
И кога луѓето видоа дека ниту Исус, ниту Неговите ученици не беа таму, самите влегоа во корабите и дојдоа во Капернаум да Го бараат Исус.
25
И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“
26
А Исус им одговори и рече: „Вистина, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте.
27
Трудете се не за храната што се расипува, туку за храната што останува во вечен живот, што Синот Човечки ќе ви ја даде, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“
28
А тие Му рекоа: „Што да правиме за да ги извршуваме Божјите дела?“
29
Исус им одговори и рече: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној што Тој Го испрати.“
30
А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш, та да видиме и да Ти поверуваме? Што ќе направиш?
31
Нашите татковци јадеа мана во пустината, како што е напишано: ’Леб од небото им даде да јадат.‘“
32
Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од небото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото.
33
Зашто Божјиот леб е Оној, што слегува од небото и му дава живот на светот.“
34
Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб!“
35
А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; оној што доаѓа кај Мене, нема да огладни и оној што верува во Мене, нема никогаш да ожедни.
36
Но ви реков дека вие и Ме видовте и не верувате.
37
Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а оној што доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор;
38
зашто слегов од небото не за да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној што Ме прати.
39
А волјата на Отецот, што Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не загубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден.
40
А оваа е волјата на Оној што Ме прати: секој што ќе Го види Синот и ќе поверува во Него – да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“
41
Негодуваа против Него Јудејците, зашто рече: „Јас сум лебот што слезе од небото“,
42
и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, синот на Јосиф, Чии татко и мајка ги знаеме? Како тогаш Тој вели: ’Слегов од небото.‘“
43
Исус им одговори и рече: „Не мрморете меѓу себе.
44
Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, што Ме прати; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
45
Кај Пророците е напишано: ’И сите ќе бидат научени од Бога.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа кај Мене.
46
Не дека некој Го видел Отецот, освен Оној Кој е од Бога; Тој го видел Отецот.
47
Вистина, вистина ви велам: Оној што верува во Мене, има вечен живот.
48
Јас сум лебот на животот.
49
Татковците ваши јадеа мана во пустината и умреа;
50
ова е лебот што слегува од небото, и оној што јаде од него, нема да умре.
51
Јас сум живиот леб што слезе од небото; оној што ќе јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што Јас ќе го дадам е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“
52
Јудејците, пак, почнаа да се препираат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да го јадеме?“
53
А Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете Неговата крв, нема да имате живот во себе.
54
Оној што го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
55
Зашто Моето тело е вистинска храна и Мојата крв – вистински пијалак.
56
Оној што го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.
57
Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и оној што Ме јаде Мене, ќе живее преку Мене.
58
Ова е лебот што слезе од небото, а не како вашите татковци што јадеа мана и изумреа; оној што го јаде овој леб, ќе живее довека.“
59
Ова Исус го рече во синагогата, кога поучуваше во Капернаум.
60
Тогаш мнозина од Неговите ученици, откако го слушнаа тоа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“
61
А Исус, знаејќи во Себе дека Неговите ученици негодуваат поради тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува?
62
А што ако Го видите Синот Човечки како се вознесува горе, каде што бил порано?
63
Духот е тој што оживува, а телото не е од никаква полза. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.
64
Но има меѓу вас и некои што не веруваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе Го предаде.
65
И рече: „Затоа ви зборувам дека никој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“
66
Оттогаш мнозина од Неговите ученици се повлекоа и веќе не одеа со Него.
67
Тогаш Исус им рече на дванаесеттемина: „Да не сакате и вие да си отидете?“
68
А Симон Петар Му одговори: „Господи, кај кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за вечен живот
69
и ние поверувавме и познавме дека Ти си Христос, Синот на живиот Бог.“
70
Исус им одговори: „Не ве избрав ли Јас вас, дванаесеттемина? Но еден од вас е ѓавол.“
71
А зборуваше за Јуда Симонов Искариотски, зашто тој, еден од дванаесеттемина, сакаше да Го предаде.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21