bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
John 17
John 17
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 18 →
1
Исус го кажа ова, па ги подигна Своите очи кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за и Твојот Син да Те прослави,
2
како што си Му дал власт над секое тело, та на сето она што си Му го дал, да му даде вечен живот.
3
А ова е вечниот живот: да Те познаат Тебе, Единиот вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати.
4
Јас Те прославив на земјата; го извршив делото што си Ми го дал да го извршам.
5
И сега прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште пред да настане светот.
6
Го објавив Твоето име на луѓето што си Ми ги дал од светот; Твои беа, и Мене Ми ги даде, и го запазија Твоето слово.
7
Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал е од Тебе;
8
зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов, и тие ги примија, и вистински разбраа дека од Тебе излегов и поверуваа дека Ти си Ме пратил.
9
Јас за нив се молам; не се молам за светот, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои.
10
И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив.
11
И веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас доаѓам кај Тебе. Оче свет, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, како Ние.
12
Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не погина, освен синот на погибелта – за да се исполни Писмото.
13
А сега доаѓам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат Мојата радост потполна во себе.
14
Јас им го предадов Твоето слово; и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот.
15
Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото.
16
Тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот.
17
Освети ги во Својата вистина; Твоето слово е вистина.
18
Како што Ти Ме прати во светот, така и Јас ги пратив во светот.
19
И за нив Јас се осветувам Себеси, та и тие да бидат осветени во вистината.
20
Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене,
21
за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно – та да поверува светот дека Ти си Ме пратил.
22
И славата што си Ми ја дал, Јас им ја дадов ним, за да бидат едно, како што сме Ние едно.
23
Јас сум во нив и Ти си во Мене, за да бидат совршени во едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби.
24
Оче, оние што си Ми ги дал, сакам и тие да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто Ме возљуби уште пред создавањето на светот.
25
Оче Праведен, светот не Те позна, но Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме пратил;
26
и им го објавив Твоето име и ќе го објавувам, та љубовта со која Ти Ме возљуби, да биде во нив, и Јас во нив.“
← Chapter 16
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 18 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21