bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
John 19
John 19
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 20 →
1
Тогаш Пилат Го зеде Исус и Го предаде да Го камшикуваат.
2
А војниците сплетоа венец од трње, Му го ставија на главата, Му нагрнаа пурпурна наметка,
3
и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ – и Му удираа шлаканици.
4
Пилат, пак, повторно излезе надвор и им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да разберете дека не наоѓам во Него никаква вина.“
5
Тогаш излезе Исус надвор, носејќи трнов венец и пурпурна наметка. И Пилат им рече: „Еве Го Човекот!“
6
А кога Го видоа првосвештениците и слугите, повикаа и рекоа: „Распни Го, распни!“ Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас во Него не наоѓам вина.“
7
Јудејците му одговорија: „Ние имаме Закон и според нашиот Закон Тој треба да умре, зашто сам се направи Син Божји.“
8
Кога Пилат ги слушна овие зборови, уште повеќе се исплаши.
9
И повторно влезе во преторијата и Му рече на Исус: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му даде одговор.
10
Тогаш Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам и имам власт да Те пуштам!?“
11
Исус одговори: „Ти не би имал никаква власт над Мене ако не ти беше дадена одозгора; затоа поголем грев има оној што Ме предаде на тебе.“
12
Оттогаш Пилат гледаше да Го пушти. Но Јудејците пак гласно викаа: „Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на цезарот. Секој што себеси се прави цар, противник му е на цезарот.“
13
Штом ги слушна овие зборови, Пилат Го изведе Исус надвор и седна на судскиот стол, на местото наречено Литостротон, а на еврејски Гавата.
14
А беше петок пред Пасха, околу шестиот час; и им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“
15
А тие извикаа: „Земи, земи, распни Го!“ Пилат им рече: „Вашиот Цар ли да Го распнам?“ Првосвештениците одговорија: „Немаме цар, освен цезарот.“
16
И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исус и Го поведоа.
17
И носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Черепно Место, а на еврејски Голгота;
18
таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус.
19
Пилат, пак, напиша и натпис и го постави на крстот. А беше напишано: „Исус Назареецот, царот на Јудејците.“
20
Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото каде Исус беше распнат, беше блиску до градот; а беше напишано на еврејски, грчки и латински.
21
Јудејските првосвештеници, пак, му рекоа на Пилат: „Не пишувај: Царот на Јудејците, туку дека Тој рече: Јас сум Царот на Јудејците.“
22
Пилат одговори: „Што напишав, напишав.“
23
А војниците, кога Го распнаа Исус, ги зедоа Неговите алишта и ги разделија на четири дела, на секој војник по еден дел, и туниката. Туниката, пак, не беше шиена, туку целосно исткаена, одозгора па додолу.
24
Тогаш си рекоа: „Да не ја раскинуваме, туку да фрлиме за неа ждрепка, чија да биде“ – за да се исполни кажаното во Писмото: „Ги разделија Моите алишта меѓу себе и за облеката Моја фрлија ждрепка.“ Војниците така и направија.
25
А покрај крстот Исусов стоеја мајка Му и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина.
26
А Исус, штом ја виде Мајка Си и ученикот кого го љубеше, како стои во близина, ѝ рече на мајка Си: „Жено, ете го твојот син!“
27
Потоа му рече на ученикот: „Ете ја твојата мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде кај себе.
28
По ова, знаејќи дека сѐ е свршено, за да се исполни Писмото, Исус рече: „Жеден сум.“
29
Таму стоеше сад, полн со оцет. Тие натопија сунѓер со оцет, го закачија на трска и Му го принесоа до устата.
30
Кога, пак, Исус вкуси од оцетот, рече: „Се сврши!“ И приклонувајќи ја наведна главата, го предаде духот.
31
Бидејќи беше петок, за да не останат телата на крст во сабота, зашто велик ден беше таа сабота, Јудејците го замолија Пилат да им ги прекршат колената и да ги симнат.
32
Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него.
33
А кога дојдоа до Исус и Го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекршија колената;
34
туку еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и веднаш истече крв и вода.
35
И оној што виде – посведочи, и вистинско е неговото сведоштво; и тој знае дека ја кажува вистината, за вие да поверувате.
36
Бидејќи ова се случи за да се исполни Писмото: „Ниту една Негова коска нема да се скрши.“
37
И друго Писмо вели: „Ќе погледнат на Оној што Го прободоа.“
38
Потоа Јосиф од Ариматеја, којшто беше Исусов ученик, но во тајност, поради страв од Јудејците, го замоли Пилат да го земе телото Исусово и Пилат му дозволи. Тој дојде и го зеде телото Исусово.
39
А дојде и Никодим, кој порано беше отишол ноќе кај Исус, и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој.
40
Го зедоа Исусовото тело и го завиткаа во повои со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат.
41
А на местото каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во којшто уште никој не беше положен.
42
Таму Го положија Исус, бидејќи беше јудејскиот петок, а гробот беше блиску.
← Chapter 18
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 20 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21