bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
/
John 12
John 12
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 13 →
1
На шест дена пред Пасха, дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите.
2
Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа со Него на трпезата.
3
Тогаш Марија, земајќи литар чисто, скапоцено миро, ги помаза Исусовите нозе и со својата коса ги избриша Неговите нозе; и куќата се исполни со мирис од мирото.
4
А еден од Неговите ученици, Јуда Симонов Искариотски, којшто сакаше да Го предаде, рече:
5
„Зошто мирово не се продаде за триста денарии, та да се раздадеше на сиромаси?“
6
Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она што пуштаа во него.
7
А Исус рече: „Оставете ја! Таа го чувала тоа за денот на Мојот погреб.
8
Сиромасите секогаш ги имате со себе, а Мене Ме немате секогаш.“
9
Тогаш големо мноштво од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите.
10
А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар,
11
зашто мнозина од Јудејците доаѓаа поради него и веруваа во Исус.
12
Утредента мноштво луѓе, кои беа дошле на празникот, штом чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим,
13
зедоа палмови гранчиња, и Му излегоа во пресрет, извикувајќи: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“
14
А Исус, наоѓајќи младо магаре, седна на него, како што е напишано:
15
„Не плаши се, ќерко Сионова! Еве, твојот Цар доаѓа, седејќи на прле.“
16
Но на почетокот Неговите ученици не го разбраа ова. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека тоа Му го направија.
17
Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го воскресна од мртвите, сведочеше.
18
Затоа и народот Го пречека, зашто беа чуле дека Тој го направи тоа чудо.
19
А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“
20
Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини.
21
Тие пристапија кон Филип, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, велејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исус.“
22
Дојде Филип и му кажа на Андреј, а Андреј и Филип Му кажаа на Исус.
23
Исус, пак, им одговори, велејќи: „Дојде часот да се прослави Синот Човечки.
24
Вистина, вистина ви велам: ако пченичното зрно, што паднало на земја, не умре – останува само; а ако умре – многу род носи.
25
Оној што го сака својот живот, ќе го загуби; а оној што го мрази својот живот на овој свет, ќе го запази за вечен живот.
26
Ако некој Ми служи Мене, нека врви по Мене; и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот служител. И ако некој Ми служи Мене, него ќе го почитува Отецот.
27
Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но заради тоа дојдов во овој час.
28
Оче, прослави го Своето име!“ Тогаш дојде глас од небото: „Го прославив, и пак ќе го прославам.“
29
А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми!“, други, пак, рекоа: „Ангел Му зборуваше!“
30
Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас.
31
Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор.
32
И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе.“
33
А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре.
34
Народот Му одговори: „Од Законот сме слушале дека Христос ќе остане довека, а како Ти велиш дека Синот Човечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“
35
Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е со вас; одете додека ја имате Светлината, за да не ве опфати темнина; а оној што оди во темнината, не знае каде оди.
36
Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив.
37
И покрај толкуте чудесни знаци, што ги беше направил пред нив, тие не веруваа во Него,
38
за да се исполни словото од пророкот Исаија, којшто рече: „Господи, кој ли поверува во она што го слушна од нас? И раката Господова кому му се откри?“
39
Тие затоа не можеа да поверуваат, зашто Исаија уште вели:
40
„Ги ослепи нивните очи и ги скамени нивните срца, та со очите да не гледаат и со срцето да не разбираат и да не се обратат за да ги исцелам.“
41
Ова Исаија го рече зашто ја беше видел Неговата слава и зборувал за Него.
42
Но, сепак, дури и од началниците мнозина поверуваа во Него, само не признаваа заради фарисеите, за да не бидат исклучени од синагогата;
43
зашто ја засакаа човечката слава повеќе од славата Божја.
44
А Исус гласно извика: „Оној што верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној што Ме пратил,
45
кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној што Ме пратил.
46
Јас – Светлината – дојдов во светот, та никој што верува во Мене да не остане во темнина.
47
И ако некој ги чуе Моите зборови и не поверува, Јас нема да го судам, зашто не дојдов за да го судам светот, туку за да го спасам светот.
48
Има кој да го суди оној што се откажува од Мене и не ги прима Моите зборови – словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден.
49
Зашто Јас Сам од Себе не зборував; туку Отецот, што Ме прати, Тој Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам.
50
И знам дека Неговата заповед е вечен живот. И така, она што Јас го зборувам, го зборувам онака како што Ми рече Отецот.“
← Chapter 11
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 13 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21